ЕУ погледнаа преку „шпионката“ и пак ни кaжа колку многу не сака и ќе ни помага

Македонија со години е оставена да чека пред потрите на ЕУ. Оние од другата страна на портата одвреме-навреме само ќе погледнат низ „шпионката“ дали ние уште стоиме во очекување и ќе подвикнат: „Почекај, сега ќе отвориме, баш вас ве чекаме да влезете“…

И така со години. Македонија упорно чека оти и е ветено дека вратата од рајот ќе се отвори.

Додуша, сега има многумина во Македонија кои не се одушевени што чмаат пред вратата, негодуваат, се прашуваат треба ли уште да се стои таму… Ама и оние од другата страна на вратата не се без реакции – тие подвикнуваат посилно: „Почекајте, ќе отвориме“…

Последно такво подвикнување е од вчера. На форумот Глобсек 2023 што се одржува во Братислава претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен истакна:

-Не е доволно само да чекаме пријатели надвор од Унијата да ни пријдат, не е доволно да кажеме дека вратата ни е отворена. Ние мора да преземеме одговорност за приближување на амбициозните членови на нашата Унија до нас. Планот ќе донесе и нови придобивки за сите граѓани од регионот, рече Урсула фон дер Лајен.

Подоцна, таа објасни дека ЕУ има нов план за Западен Балкан што се заснова на четири столба, со главна цел да го приближи земјите уште пред тие да станат полноправни членки. А четирите столба на кои ќе се заснова овој план се: приближување до единствениот пазар на ЕУ, зајакнување на регионалниот заеднички пазар, забрзување на реформите и зголемување на распределбата на претпристапните средства од Унијата за земјите од регионот.

Значи, одново нов План, одново најави за соработка, доближување, интеграција… Одново нова најава дека интеграцијата на земјите од Западен Балкан ќе се забрза, дека нема никакви пречки и отпори за нивниот прием во ЕУ, дека…

А токму тоа – дека проширувањето на ЕУ во овој период е дискутабилно, често се слуша од „вратарите“ (читај функционерите во Брисел) од другата страна на вратата кога дискутираат меѓу себе, дека треба да се применат нови критериуми, нови методологии, дека прво треба да си ги средат своите проблеми, дека…

Но, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, очигледно, шири оптимизам, повторно искажа ново ветување, нови надежи за земјите кои веќе со децении се во чекалната на ЕУ и меѓу чие неселение веќе силно расте евроскептицизмот.

Дали со оваа најава Фон дер Лајен само го продолжи континуитетот на најавите наменети како за Македонија така и за останати подзаборавени земји од Западниот Балкан или овој пат ќе си стојат на зборот?

-Постигнавте извонреден напредок и донесовте храбра одлука. Иднината на Северна Македонија е во ЕУ и ве сакаме покрај нас, порачуваше таа при посетата во Скопје во октомви 2021 година.

Потоа, истата година следеше и самитот на ЕУ со земјите од Западне Балкан во Словенија од кој беше испратена порака дека „ЕУ изразува подготвеност за прием“, но без конкретен датум кога тоа би се случило иако имаше предлози тоа да биде 2030-та година…

Се редеа и оптимистички пораки на останати актуелни и поранешни еврофункционери – Борел, Вархеји, Хан, Могерини… за да пак минатата година, пак, Урсула фон дел Лајен одново каже дека местото на Западен Балкан е во ЕУ.

-Сакам да им порачам на граѓаните на Западен Балкан, Украина и Молдавија дека тие се дел од нашето семејство, иднината на нашата Унија. Без нив нашата ЕУ не би била целосна, истакна таа во септемвриското обраќање пред Европскиот парламент.

Сега на ред дојде и новиот план. Како тој ќе се спроведува останува да се види…

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Бисинов го води орото во прволигшакиот плеј-оф, голема борба за второто место

Со натпреварот меѓу Радовиш и Македонија ЃП беше...

Дали се’ уште ќе го оцрнуваме „македонскиот национал романтизам“ од АСНОМ-скиот период? – Denesen.mk

Јованка КЕПЕСКА Дали приодот кога се вложени како национални заложби...

Алборг задржа една ѕвезда | 24 РАКОМЕТ

Официјалниот сајт на данскиот Алборг информираше дека е...

Moscow Attack Means More Tajiks Will Suffer for Alleged Actions of a Minority

Two days after the horrific attack on Crocus City...