„ЕУ ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА РАСТОТ“ Медведев ги коментираше последните европски санкции против Русија

Претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев во свој стил го прокоментира последниот пакет санкции на ЕУ против Русија споредувајќи го притоа растот на европската економија со руската годинава.

„Стапи во сила дванаесеттиот пакет санкции против Русија. Во меѓувреме, европската економија постојано запаѓа во рецесија. Во Германија БДП е минус 0,2 отсто на годишно ниво во вториот квартал, а минус 0,3 отсто во третиот. Во Франција, тоа е плус 0,5 отсто во вториот квартал, но минус 0,1 отсто во третиот.

Ова ужасно намалување може да трае до средината на 2024 година. Спротивно на тоа, рускиот БДП додаде 5,5 отсто на годишно ниво во третиот квартал и 7,8 отсто во вториот квартал. Сега е вистинско време да размислиме за уште еден пакет санкции против нашата земја. ЕУ, ви благодариме за растот “, напиша Медведев на мрежата Х.

На 18 декември Европската унија воведе нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат економски и кадровски ограничувања, вклучително и забрана за увоз на руски дијаманти. Со поединечните санкции се опфатени 147 лица, од кои 61 поединец и 86 организации.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...