Еурофарм Пелистер 2 блиску до директен опстанок, лесно го реши Голден Арт

Еурофарм Пелистер 2 блиску до директен опстанок, лесно го реши Голден Арт

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 во натпревар од 13. коло од суперлигашкиот плеј-аут на свој терен го совладаа Голден Арт 2 со 39:25.

За вториот битолски тим ова беше последниот домашен меч сезонава, во следното коло составот на Михаил Петровски ќе гостува во Прилеп кај истоимената екипа.

Доколку Куманово ја оправда фаворитската улога против Мулти Есенс, тогаш на натпреварот во Прилеп ќе се одлучува која од двете екипи ќе обезбеди директен опстанок во елитата.

Домаќинот до победата дојде со одличната игра во вториот дел, тимот на Голден Арт парираше колку што можеше во првото полувреме, но на пауза замина со негатива од минус пет, 20:15.

Во вториот дел, односно во 35 минута, тимот на Еурофарм Пелистер се одлепи на двоцифрена разлика, 26:16 и во тој момент јасно беше дека бодовите ќе останат за домаќините.

До крајот растеше предноста на Еурофарм Пелистер 2, кој лесно ги казнуваше грешките на гостинот и дојде до поубедлива победа од 14 гола разлика.

Најефикасни во победничката екипа со по пет погодоци беа Иван Димитровски, Ненад Белистојаноски и Алем Хаџиќ. Кај поразениот табор Тоше Ончев и Мице Шилегов беа најефикасни со по шест погодоци погодоци.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ