Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп тестираа, победи битолскиот тим

Пред стартот на новата сезона, поголемиот дел од суперлигашите веќе започнаа со контролните дуели, на кои ги проверуваат силите.

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 предводен од Мартн Ивановски славеше во Прилеп на пријателски меч против истоимената екипа со 30:22.

Охриѓанецот Иваноски беше најдобар стрелец во вториот тим на македонскиот шампион, постигна 10 погодоци, додека кај Прилеп се истакнаа Никола Цветаноски, Владан Кастратовиќ, Драган Јелушиќ и Пеце Рајатоски со по четири погодоци.

Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп ги очекува настапот на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.

Битолчани на турнирот во Прилеп ќе настапат во група со Пролет, Мулти Есенс и со финскиот прволигаш Кокс. Прилепчани за ривали ги имаат Скопје, Струга и актуелниот бранител на титулата, тимот на Дубочица од Лесковац.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...