„Еурофарм Пелистер беше најдобриот избор во мојата кариера“

Повремениот репрезентативец на БиХ, Невен Стјепановиќ, дел од својата кариера го помина во Македонија.

Искусниот ракометар најпрво беше дел од тогашниот тим на Еурофарм Работник, потоа откако овој клуб направи фузија со Пелистер одлучи да остане во Битола и беше еден од лидерите во битолскиот тим.

Стјепановиќ во својата кариера беше дел и од Војводина, Спортинг Лисабон, Ал Наџма од Бахреин… но вели дека трансферот во Еурофарм Пелистер бил најдобриот избор во неговата кариера.

„Еурофарм Пелистер дефинитивно беше најдобриот избор во мојата кариера. Имав добри партии во сезона 2019/20 при настапот во Лигата на шампионите. Бев еден од најдобрите стрелци во тимот. Тоа беше причина да имам понуди од Германија, но во ноември (2019) се повредив на мечот токму против Мешков Брест го регионалната СЕХА Лига. Потоа следуваше операција, долго закрепнување…Бев загрижен, бидејќи во мојата кариера до тој момент немав повреди. Сепак, сега се е во најдобар ред, последните сезони немам никакви здравствени проблеми”, изјави екс играчот на македонскиот шампион.

30-годишниот десен бек во новата сезона ќе настапува за белорускиот шампион Мешков Брест.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на тежок испит против силната Шпанија

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска им се...

Дневен хороскоп за четврток, 29-ти февруари 2024-та

ОВЕННе ризикувајте да се потпирате на чудо што ќе...

Ангеловски: Алборг ни покажа зошто со Кил се најдобрите екипи во групата

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...

Пешевски: Го одигравме најдоброто прво полувреме, но отворивме лошо во вториот дел

Ракометарите на Еурофарм Пелистер на последниот домашен натпревар...