Еурофарм Пелистер понуди две решенија за играње на полуфиналето од Купот

Се разбира дека очекуваме од страна на РФМ да слушнеме јавно извинување за ненамерно направената грешка и за својата одлука прво да бидат известени клубовите. Доколку има јавно извинување од страна на РФМ за направената грешка истото од наша страна ќе биде целосно прифатено како ненамерно и јавно ќе дадеме согласност воопшто да нема никаква промена во направениот распоред после несреќно донесената одлука од страна на РФМ.

Шампионот Еурофарм Пелистер се огласи со ново соопштение до јавноста, во кој има два нови предлози за термините на натпреварите од Купот. Тие потврдија дека ниту биле прашани за последната одлука на РФМ да се сменат термините за полуфиналните натпревари, според кои битолчани треба наместо во петок, да играат утре.

Според новиот распоред што го направи РФМ, со образложение дека така „инсистирале“ од Битола, и по објавите на Вардар и на Алкалоид, натпреварот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер треба да се игра утре од 19,30 часот, додека оној меѓу Вардар и тимот од Автокоманда в петок од 19,30 часот.

Битолчани не ја прифаќаат опцијата што ја нуди РФМ и се согласни својот натпревар да го одиграат во ист ден со дуелот меѓу Вардар и тимот од Автокоманда. Тие нудат две решенија.

Ви го пренесуваме во целост соопштението на Еурофарм Пелистер.

„Со големо внимание ги прочитавме денешните соопштенија на РК Вардар 1961 и РК
Алкалоид (се појавија во медиумите во временска разлика од 2 минути), и надоврзано на тоа. Известувањето за медиумите од РФМ. Во насока на овие соопштенија и известување до медиумите би сакале да го изнесеме нашиот став. Најпрво сакаме да ја искажеме голема благодарност на спортските колективи РК Вардар 1961 и РК Алкалоид што поаѓајќи од спортски побуди и начелото на фер плеј, согледувајќи ја
незаконската и штетна одлука за спортот донесена од страна на РФМ, одлучија да помогнат во надминување на непријатната ситуација во која се најдовме сите ние.

Посебно сме благодарни на РК Вардар 1961 кои претходно со ништо не придонесоа сите ние да се најдеме во ваква ситуација (ние во нашите соопштенија внимателно кога споменувавме спортски колективи користевме еднина). Во однос на Известувањето до медиумите од страна на РФМ (за кое претходно не бевме
информирани, уште помалку прашани за согласност) истото го прифаќеме само како барање на алиби и начин да се излезе од ситуацијата а без притоа да се признае дека е направена груба грешка и донесена е погрешна одлука. Според нас тоа не е начин на исправно делување. Ние милост не побаравме од никого. Ние побаравме нашата “борба“ да се разбере исклучиво како “борба“ за правда и почитување на законските одредби. Следствено на тоа за нас во овој момент тотално е неприфатливо нашата екипа усилено и однапред смислено да стане “повластена“.

Според нас, во овој момент можни се две решенија:

1. Да се почитува првичниот извлечен распоред.
2. И двете полуфинални средби да се играат во четврток 16.5.2024 или петок 17.5.2024.

Што се однесува до термините за одигрување ние сме согласни доколку има потреба (за да го испочитуваме и терминот за женските полуфинални натпревари) и во двата
предложени датуми да играме од 14 часот. Само во ваков случај ќе биде испочитуван
Правилникот донесен од страна на РФМ и ќе се почитува начелото на фер плеј и
рамноправност. Се разбира дека очекуваме од страна на РФМ да слушнеме јавно извинување за ненамерно направената грешка и за својата одлука прво да бидат известени клубовите. Доколку има јавно извинување од страна на РФМ за направената грешка истото од наша страна ќе биде целосно прифатено како ненамерно и јавно ќе дадеме согласност воопшто да нема никаква промена во направениот распоред после несреќно донесената одлука од страна на РФМ.

Почитувани, време е за врвен ракомет кој ќе биде на големо задоволство на сите љубители на овој спорт, време е да се се најдат сили да се надмине ситуацијата која настана заради донесување на непромислена и избрзана одлука штетна за спортот“, се вели во соопштението на битолчани.

 

РФМ ги смени термините од Купот! Еурофарм Пелистер игра утре, а Вардар во петок

Шампионот со нова реакција за Куп термините – ќе ги информираме и меѓународните ракометни институции

 

Вардар предлага: Полуфиналето од Купот со Алкалоид да го играат во петок

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...