Еурофарм Пелистер „раскина“ и со Дарко Стевановиќ

По Вилсон Давајес, Каспер Кисум и Андреас Нилсен, уште еден странец не е повеќе член на шампионот Еурофарм Пелистер.

Станува збор за српскиот лев бек Дарко Стевановиќ, кој мина една сезона во Битола по трансферот од Мешков Брест.

„Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер ја известува јавноста и своите приврзаници дека спогодбено го раскина договорот со српскиот интернационалец Дарко Стевановиќ. Десет месеци по неговото доаѓа во нашиот клуб од Мешков Брест, левиот бек ќе тргне по нов предизвик, за што му посакуваме успеси и многу среќа.
26-годишниот Стевановиќ со Еурофарм Пелистер го освои шампионатот на Македонија во сезоната 2022/23, а настапуваше и во СЕХА лигата, домашниот шампионат, национален Куп и Суперкуп“, се вели во објавата на шампионот.

Тренерот Бранко Ангеловски на левата бековска позиција ги има на располагање Урош Борзаш, Емилијан Ѓорговски и Руди Сери.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...