Еве како одиграа ривалите на Македонија на ЕП на пријателските средби

Еве како одиграа ривалите на Македонија на ЕП на пријателските средби

Машката младинска репрезентација на Македонија ја очекува настапот на Европското првенство во Словенија од 10 до 21 јули.

Избраниците на Раде Стојановиќ тестираа по два пати со Грција и со Словачка и забележаа четири победи.

Ривалите Австрија, Хрватска и Црна Гора исто така играа контролни натпревари пред ЕП, па може да се види во каква форма се играчите на овие селекции.

Aвстријците по триумфите над Словенија и Кувајт, во последната контрола славеа против Саудиска Арабија со 35-25. Хубер имаше шест гола, Мелешинг даде пет, додека по четири пати стрелаа Вузела и Бом.

Црногорците по трите врзани порази од Израел, се израдуваат на победа над Саудиска Арабија со 35-27.

Хрватска славеше против Унгарија и Словенија на првите два меча, а потоа на последната контрола пред ЕП, повторно против Словенија загуби со убедливи 36-23.

Тестираат ривалите на Македонија на ЕП: Црна Гора три пати загуби, Австрија и Хрватска со двојни победи

Младинците три пати ќе играат на ЕП во „ручек време“!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ