Евро сезоната влегува во финишот – еве ги сите термини за завршните битки во ЛЕ и ЛШ

Евро сезоната влегува во финишот – еве ги сите термини за завршните битки во ЛЕ и ЛШ

Европската сезона во машка и женска конкуренција полека влегува во својот финиш кога ќе се доделуваат трофеи.

По норвешкиот Сторхамар, кој ја освои титулата во женската Лига на Европа, освојувачот ќе биде познат во Хамбург на 25/26 мај.

Во финалните натпревари од Европскиот Куп ќе играат грчкиот Олимпијакос и исландскиот тим Валур Рејкјавик.

Во Лигата на шампионите веќе е познат и распоредот на полуфиналните средби во „Ланксес Арена“ во Келн.

Лига на Европа, распоред:

25 мај, 15:00, Фленсбург – Динамо Букурешт
25 мај, 18:00, Рајн Некар Левен – Фуксе Берлин
26 мај, 15:00, за трето место
26 мај, 18:00, финале

Европски Куп, распоред:

18 мај, 19:00, Валур – Олимпијакос
25 мај, 19:00, Олимпијакос – Валур

Лига на шампиони, распоред:

08 јуни, 15:00, Магдебург – Алборг
08 јуни, 18:00, Барселона – Кил
09 јуни, 15:00, за трето место
09 јуни, 18:00, финале

Кај дамите останаа да се одиграат уште натпреварите од Европскиот Куп и од Лигата на шампионите.

Во финалето на Европскиот Куп играат тимот што го елиминира Ѓорче Петров во четвртфиналето, шпанскиот Елче, како и словачката Јувента.

Во најелитното натпреварување ќе играат унгарскиот Ѓер, данскиот Есбјерг, францускиот Мец и германскиот Битигхајм.

Лига на шампиони, распоред:

01 јуни, 15:00, Есбјерг – Ѓер
01 јуни, 18:00, Мец – Битигхајм
02 јуни, 15:00, за трето место
02 јуни, 18:00, финале

Европски Куп:

19 мај, 12:00, Елче – Јувента Михаловце
24 мај, 18:00, Јувента Михаловце – Елче



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ