Филмот „Барби“ заработил над милјарда долари од продажба на влезници

Актуелниот филмски хит „Барби“ заработил повеќе од милијарда долари во САД и во светот од продажба на влезници од премиерното прикажување пред повеќе од две седмици, објавија филмското студио „Warner Bros. Pictures“.

Студиото соопошти во неделата дека филмот заработил 459 милиони долари во домашните кино-сали во Соединетите држави и 572,1 милиони долари во странство, па вкупната заработка изнесува 1,0315 милијарди долари. Податокот го потврди и компанијата за анализа на медиумите „Comscore“.

„Како шефови на дистрибуцијата, не остануваме често без зборови со изведбата на некој филм, но Барбилион ги надмина и нашите најоптомистичните предвидувања“, изјавија Џеф Голдстејн, поретседател за домашна дистрибуција во „Warner Bros. Pictures“ и Ендрју Крипс, претседател на секторот за меѓународна дистрибуција.

Во филмот кој го режираше сценаристката и режисерка номинирана за Оскар, Грета Гервиг и во кој главните ликови на Барби и Кен ги толкуваат Маргот Роби и Рајан Гослин, легендарната кукла се впушта во авантура во стварниот свет.

Продажбата на влезниците за „Барби“ е на второто место зад филмот „Супер Марио Брос. Филм“ чија премиера беше во април и заработи досега 1,357 милијарди долари.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Црна Гора

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Заврши сонот за четвртфинале, Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место

Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство...

Познати се шеширите пред ждрепката и во женската елита

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги објави  шеширите...