Финалето на Струшкиот турнир продолжува во спортска сала „Тими“ од 21:30 часот

Финалето на 51. издание на Струшкиот турнир меѓу Алкалоид и Вардар ќе се доигра во спортската сала Тими.

Во текот на 18-та минута, при водство на Вардар од 7:5, службеното лице го прекина дуелот поради дождот.

Следуваше пауза од 10 до 15 минута, но се уште има временски непогоди во Струга, па така беше одлучено финалето на продолжи во салата Тими.

Продолжението на дуелот е закажано за 21:30 часот.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ