Ѓорче Петров со фуриозен втор дел до Куп трофеј

Екипата на Ѓорче Петров го освои трофејот на 31. издание во Купот на Македонија кај дамите и конечно успеа да дојде до двојна круна. Ѓорчепетровки во финалето на Ф4 турнирот од Купот против Чаир со одличната игра во вториот дел дојдоа до убедлива победа од 36:24.

До 20 минута Чаир беше рамноправен ривал, во воведниот дел од првото полувреме имаше и контрола на резултатот, но немаше доволно сили за надигрување, пред сѐ поради пократката клупа и големата истрошеност на полуфиналниот дуел со Вардар.

Финалниот дуел го отвори средниот бек на Чаир, Леонора Рахмани, која во воведните десет минути зад своето име имаше запишано четири погодоци. Како што сѐ и очекуваше, во речиси секој напад во воведниот дел се реализираше, тимот на Чаир поведуваше, составот на Симовски израмнуваше, така беше до осмата минута.

По нерешените 5:5, Ѓорче Петров го презеде водството, но немаше голема комоција во играта, по десет минути игра беше 6:6, додека во 15 минута „лавиците“ за првпат се одлепија на плус два, 10:8. Чаир голема поддршка имаше од голманката Којовиќ, црногорската интернационалка беше најзаслужна што нејзиниот тим заостануваше на гол негатива до 20 минута.

Во последните десет минути од првиот дел до израз дојде поголемата ротација на Ѓорче Петров, избраничките на Љатифи паднаа физички и започнаа чекор по чекор да го губат натпреварот, се разбрани Кицеска и составот предводен од Симовски со неколку мини серии си создаде солидна предност од 19:14 на полувреме.

Марија Јанкуловска на стартот на вториот дел ги постави дотогаш највисоките плус шест за Ѓорче Петров, 20:14. Ракометарките на Чаир влегуваа од грешка во грешка, целосно паднаа и физички и психички и за десет минути игра во вториот дел постигнаа само еден гол. Во 45 минута при предност на Ѓорче Петров од 25:17 беше јасно кој ќе го освои трофејот на 31. издание од Купот на Македонија.

 



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трикратниот освојувач на ЛШ ќе игра и на 37 години

Поранешниот репрезентативец на Германија, Тобијас Рајхман, ова лето...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николов и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку изминатата сезона одлучи...

🎥 Ѕирнете одблизу: Како Николив и Начевски го судеа финалето на ЛШ

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во штотуку сезона одлучи правдата...

Колку заработија екипите што играа во ЛШ?

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во изминатата сезона подели...