Ѓорче Петров со нови договори за младите Велкова и Ѓорѓиевска

Македонскиот шампион Ѓорче Петров во новата сезона ќе го има на располагање речиси истиот состав од минатата година, бидејќи најголемиот дел од ракометарките потпишаа нови договори.

Соработката со Ѓорче Петров ја продолжија двете перспективни ракометарки – Ива Велкова и Мила Ѓорѓиевска. Двете млади ракометарки во таборот на „лавиците“ ќе останат најмалку една година.

Ѓорче Петров претходно ги продолжи договорите со Ана Марија Коларовска, Милица Николиќ, Ангела Јанкуловска, Емилијана Ризоска, Ива Божиноска, Марија Јанкуловска, Слободанка Кицеска и Анастасија Николовска.

Клубот за новата сезона засега ангажираше две имиња. Станува збор за голманките Матеа Чурлиновска од Куманово и Јована Трајкоска од Вардар.

Тимот на Симе Симовски во текот на подготвителниот период ќе одигра неколку контролни натпревари, а го очекува и настапот на турнирот „Ѓорче Петров Куп 2023“.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Дневен хороскоп за петок, 22-ри септември 2023-та

ОВЕНВашата увереност во сè што правите предизвикува почит и...

Денеска сончево, со натпросечни температури

Сончево и топло време денеска со мала до умерена...