Гогов останува верен на Вардар

Гогов останува верен на Вардар

Голманот Васил Гогов уште две сезони ќе биде меѓу стативите, и ќе го носи дресот на Вардар. Тој го продолжи договорот со клубот до јуни 2026 година. Гогов од 2019 година е дел од Вардар, и секоја сезона се повеќе напредува и се наметнува со својот квалитет, а менаџментот на клубот верува дека тој ќе биде  „фактор Х“ во иднина и уште повеќе ќе се докаже со своите настапи.

Гогов зад себе како член на Вардар има искуство со играње и во Лигата на шампионите, и во СЕХА лигата, за клупски играчи имаше повеќе познати голмани и работеше и со неколку искусни тренери на голмани во Вардар. Со Вардар ја освојуваше титулата во домашното првенство, беше победник на Купот на Македонија, и на Супер купот на Македонија.

„Гогов е голман кој е иднината на македонскиот ракомет, и тој допрва ќе блеска. Вардар е задоволен од неговото напредување и е убеден во уште подобри игри во иднина. Досега секогаш беше дел од голмански тим каде можеше да научи и да „украде“ од поискусните и време е да добие поголема минутажа во иднина. Вардар секогаш е место каде има шанса за докажување и напредување, вели Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар.

Уште едно коло до крај на првенството, Вардар е во игра за шампионската титула, но не зависи се од него, туку мора да очекува и резултати од ривалите што би му оделе во корист на „црвено-црниот“ тим. Едно е сигурно дека во однос на лани Вардар оваа сезона ќе ја заврши како подобропласиран.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ