Голден Арт со победа се одјави од Супер лигата

Голден Арт со победа се одјави од Супер лигата

Екипата на Голден Арт со победа се одјави од Супер лигата, откако на свој терен славеше над Скопје со 35:26 во последното коло од суперлигашкиот плеј-аут.

Голден Арт, исто како и неговиот денешен ривал, не успеа да го задржи суперлигашкиот статус и во следната сезона ќе биде дел од Првата лига.

Победникот на натпреварот беше решен уште во раната фаза кога домаќините поведоа со 7:1 и рутински го одиграа преостанатиот дел од натпреварот.

Избраниците на Петрушевски на пауза заминаа со резултатска предност од плус девет, 21:12, а Скопје не можеше ниту да се врати, ниту да го направи натпреварот понеизвесен.

Најефикасен на дуелот беше членот на Голден Арт, Мице Шилегов, кој постигна 11 погодоци, додека во поразениот табор се истакна Јован Фичороски со седум реализации.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Сиднеј Универзитет им се придружи на Барса, Веспрем, Магдебург…

Се комплетираа учесниците на претстојното Светско клупско првенство...

Магдебург најде дефанзивец – доаѓа Шпанецот Серадиља

Поранешниот европски првак Магдебург го промовираше второто засилување...

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...