Грузија го скрати списокот за СП – познато е кои ракометари ќе играат против Македонија

Еден од ривалите на машката кадетска репрезентација на Мундијалот во Хрватска – Грузија, го објави скратениот список на ракометари.

Селекторот Георге Гвазава се реши за 16 ракометари, кои веќе одиграа пет пријателски натпревари пред патувањето за Ријека.

Грузијците најпрво одиграа три средби во три дена со селекцијата на Турција и забележаа три победи, 29-23, 40-28 и 32-29.

Потоа одиграа уште два меча со Иран. На првиот натпревар загубија со еден погодок, 27-26, додека на вториот одиграа реми, 23-23.

Според прикажанато, најголема опасност по голот на Иван Галевски и Давид Брестовац ќе доаѓа од десниот бек Сандро Дарсанија и левото крило Вахтанг Келисупали.

Состав на Грузија, кадети:

голмани: Гиги Рухадзе, Темури Камададзе, Иракли Гурули
леви крила: Вахтанг Келисупали, Анри Абуладзе, Александре Шиошвили
десни крила: Лука Мукбаниани, Нугзар Тариеладзе
пивоти: Гиорги Гришикашвили, Лука Ланчава
леви бекови: Гига Мелиава, Левани Панчава, 
средни бекови: Николоз Шервашидзе, Гиорги Арешидзе, Давид Гришикашвили
десни бекови: Сандро Дарсанија



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Црногорци и Швеѓанки за Македонија и Шпанија

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за...

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на тежок испит против силната Шпанија

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска им се...

Дневен хороскоп за четврток, 29-ти февруари 2024-та

ОВЕННе ризикувајте да се потпирате на чудо што ќе...