Холандија доби нова ѕвезда – Верстејнен со „десетка“ го почести Фленсбург

Екипата на Фленсбург и по четири одиграни дуели не се наоѓа во најдобрата петорка во Бундес лигата, бидејќи денес не успеа да триумфира над Лемго.

Поранешниот европски шампион на гостувањето кај Лемго одигра само нерешено, 31:31. Во претходното коло, тимот на Фленсбург славеше над Кил.

Фленсбург иако на полувреме имаше предност од 16:14, сепак, Лемго со расположениот репрезентативец на Холандија, Нилс Верстејнен, успеа да се избори за голем бод против големиот Фленсбург.

Холанѓанецот Нилс Верстејнен ја предводеше победничката екипа со десет погодоци, втор стрелец беше екс членот на Кадетен Шафхаузен, Самоуел Зендер со пет реализации.

Кај Фленсбург најрасположен беше Емил Јакобсен со шест погодоци, по пет запишаа Симон Питлик и Јоханес Гола.

Лемго во следното коло гостува кај Лајпциг, додека Фленсбург за следен ривал го има незгодниот Хановер.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Стапи во сила Европскиот закон за чипови

Денеска стапи во сила Европскиот закон за чипови, кој...

Ретро е во мода: ВХС касетите се враќаат

VHS лентите се продаваат за над 17.000 евра на...

Дејвид Бекам ја откри тајната на својот долгогодишен брак: Има едно многу битно златно правило

Останаа, и покрај се‘ што медиумите им сервираа… Многумина се...