Хорват го бара Балиќ во Кадетен

Хорват го бара Балиќ во Кадетен

Поранешниот селектор на Хрватска, Хрвоје Хорват, имаше успешна сезона со тимот на Кадетен Шафхаузен.

Хрватскиот тренер заедно со Кадетен Шафхаузен издоминираа на домашна сцена и ги освоија сите три трофеи.

Швајцарскиот шампион за следната сезона ангажираше три играчи, но има и неколку новитети во стручниот штаб.

Пред извесен период за Кадетен Шафхаузен потпиша тренерот на голмани во машката македонска репрезентација, Нинослав Павелиќ.

Освен Павелиќ, Хорват во Кадетен Шафхаузен ја донесе и Силвија Јуратовац, која работеше како психолог во машката репрезентација на „коцкестите“.

Хорват во својот стручен штаб го посакува и Ивано Балиќ, тоа го потврди во интервју за „Вечерњи лист“, но најверојатно легендарниот ракометар нема да ја прифати неговата покана.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ