„И ште го духате…“!? – Република

Веќе стана евидентно дека т.н. лидери на овие од СДС бугарски и неоврховистички имаат сериозен проблем со никој друг, туку со сопствениот македонски народ. И без разлика од кое крило доаѓаат, дали од струмичкото или од кумановското, се едно. Прво муртинскиот трговец Зоран Заев, а еве сега и неговиот премиер намесник Димитар Ковачевски. Како членството ги избира, само Господ знае, ама гледајќи од надвор како основен критериум да им е поседување на одредено ниво на глупост и лажење. Колку повисоко, толку подобро.

Оној муртинецот, ако сте заборавиле, некаде на врвот на својата политичка моќ, пред неколку години, сакаше да ни ја докажува потентноста со е*ење на сопствениот народ. Овој кумановецот, пак, отиде и чекор натаму. Сите оние граѓани, главно етнички Македонци, кои се против уставните измени и вметнувањето на Бугарите во највисокиот државен правен акт, ги прогласи за руски ботови, кои за својот став добивале руски пари!!! Абе, апсурдни и ненормални работи!

И внимавајте сега! Ова му доаѓа и уште како „понежна“ варијанта! Во споредба со глупоста на некој си Митре(в)ски, кој да ти бил координатор на пратеничката група на СДС бугарски и неоврховистички, зашто во најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ го пронајде најголемиот внатрешен државен непријател! УДБ-а е мртва, да живее УДБ-а, Информбирото е мртво, да живее Информбирото! Да живее Среќна Нова 49-та! Богами, на ваков мал тоталитаристички ум можат да му позавидат и еден Сталин, а зошто да не и Тито, па и Хитлер и Мусолини како пандани?! Море можат дури и вода да му носат на овој Митре(в)ски! Зашто, вакви како него мајка само еднаш раѓа. Сега уште да почне одново да ги полни казаматите на Идризово или да најде место за нови голоотоци, гргури…за политичките неистомислници и „државни непријатели“. Боже Господе со какви си имаме работа. Само на помош да ни бидат и он и Пресвета мајка Богородица!

И сето ова како обраложение за тоа зошто владејачкиот СДС бугарски и неоврховистички ја предлага декларацијата за Илинденското востание како задоцнета постапка и бледа копија на бугарските либерали од партијата на обландираниот Красимир Каракачанов, екс-премиерот Кирил Петков. Од декларацијата за Илинденското востание нема ни глас, ни абер. Важно е стигната во Собранието, а дали и кога ќе биде ставена на дневен ред за гласање, не се знае. Се знае само дека жабата видела дека коњот се потковува, па решила и таа да го стори истото.

А, патем само да прашам дали СДС бугарски и неоврховистички ќе предложи декларација и за 11 Октомври, па со еден мастраф и двете да поминат? Зашто, нели, официјална Софија не го бара само Илинденското како Илинденско-преображенско бугарско востание, туку го отфрла и Денот на востанието на македонскиот народ, со оглед дека, според нивното толкување на „заедничката историја“, на тој ден во Вардарска Македонија започнала граѓанска, а не антифашистичка, национална, народно-ослободителна борба против наци-фашистичкиот бугарски окупатор. А, Митре(в)ски, што велиш?! Или треба да го прашаш Таче? Зашто, толку ти е капацитетот за да размислуваш со сопствената глава. Само што не знам која ја користиш.

Пусти Таче. Да не знае човек дали да му се смее или да го жали поради елементарното непознавање на работите! Па, етикетирајќи го најголемиот број етнички Македонци, според анкетите над 80 отсто, за руски ботови, и тоа за пари, самиот се претвори во најголем антиевропеец! Црногорците, пак, знаат да прашаат-А ѓе су паре?

Според неговата логика, којзнае со колку руски ботови ќе се соочиме на патот кон полноправно членство во ЕУ. И тоа од самите земји членки. Ете, прв почна францускиот претседател Емануел Макрон. Зарем неговото вето за Македонија не го прави руски бот?

Па, втора беше Бугарија, утре може да биде Холандија поради настаните во Судскиот совет, па… Некој може да забележи дека ветата не можат и не треба да се поистоветат со вметнувањето на Бугарите во Уставот, ама геополитиката и геостратегијата не прашуваат дали доаѓаат од надвор или од внатре. Грешката е направена, а цената не ја плаќа никој друг, туку етничките Македонци, заедно со сите останати етнички заедници во Република Македонија.

Што е поважно, нашиот премиер намесник не е свесен колку со овој став потсетува на Иван Ванчо Михајлов, последниот лидер на историското ВМРО.

Вештачки потпалувајќи интрамакедонски судири под превезот на поделба на проевропски и проруски сили во Македонија, тој станува нов Ванчо Михајлов, кој единствениот спас за својот опстој го гледал во братоубиствената војна на Македонците и во Пиринска, и во Вардарска, и во Егејска Македонија, само што тогаш разликата се сведувала на пробугарска, просрпска, прогрчка и промакедонска ориентација. Идеолошката матрица на Ковачевски сега чисто комунистички илити необолшевички вели кој не е со нас, тој е против нас.

Во вака поставените (ко)релации, Таче не знае дека како краен резултат од активностите на Радко, по убиството на српскиот генерал Михајло Ковачевиќ, на 5 октомври 1927 година во Штип, тогашните српски кралски власти подготвиле план за иселување на целокупното население од Вардарска Македонија во Словенија или во Далмација, и од таму носење на Словенци и Далматинци тука. Бесмислениот план не бил реализиран само благодарение на здравиот разум на тогашниот ју-премиер, извесен Вукичевиќ.

А, којзнае, тогаш на Таче ќе му било многу полесно денес!? Или и тој би сакал да ги исели Македонците од нивните вековни огништа?! Барем еден дел, за другиот остануваат занданите. За да може полесно да го исполни преземеното ветување за вметнување на Бугарите во Уставот.

Навистина болно и крајно недостоинствено е денес во Македонија човек да се чувствува етнички Македонец, особено кога и секоја бугарска будала може да ти каже „И ште го духате“. Јас не сакам „да го духам“, ама овие од СДС бугарски и неоврховистички, повеќе од очигледно, одамна го практикуваат тоа.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...