ИДЕАЛЕН ТИМ НА 13. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 13. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло од разигрувањето за титула и за опстанок да гласате за најдобрите ракометари по коло во пролетниот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло од плеј-оф и плеј-аут ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 13 коло од плеј-оф/аут во суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има двајца ракометари од Еурофарм Пелистер 2 и по еден ракометар од Вардар, Еурофарм Пелистер, Прилеп, Тиквеш и Мулти Есенс.

За МВП на колото ќе можете да гласате до петок до 12 часот.

Супер лига, 13. коло, резултати:

Плеј-оф

АЛКАЛОИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ 27-21 (ИЗВЕШТАЈ)
ВАРДАР – ОХРИД 29-22 (ИЗВЕШТАЈ)
СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25-34 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – ПРОЛЕТ 29-25 (ИЗВЕШТАЈ)

Плеј-аут

КУМАНОВО – АЕРОДРОМ 10-0 служ.
ВАРДАР НЕГОТИНО – ПРИЛЕП 34-42 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ГОЛДЕН АРТ 39-25 (ИЗВЕШТАЈ)
СКОПЈЕ – МУЛТИ ЕСЕНС 35-40 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е МВП НА 13.КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГА?

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 13. КОЛО ОД СУПЕРЛИГАШКИОТ ПЛЕЈ-ОФ/АУТ

Голман: Марјан Велков (Тиквеш) – Чуварот на мрежата бранеше одлично и беше меѓу најдобрите против Пролет.

Лево крило: Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер) – Стружанецот беше најдобар стрелец во триумфот на шампионот над неговиот матичен клуб.

Лев бек: Стефан Петриќ (Вардар) – Српскиот интернационалец ја враќа препознатливата форма и беше најдобар стрелец против Охрид.

Среден бек: Мартин Ивановски (Еурофарм Пелистер 2) – Охриѓанецот имаше добра партија против Голден Арт.

Десен бек: Димитар Узунчев (Мулти Есенс) – Младинскиот репрезентативец даде 14 погодоци на мечот со Скопје.

Десно крило: Ненад Белистојансоки (Еурофарм Пелистер 2) – Десното крило беше меѓу најдобрите стрелци на мечот со Голден Арт.

Пивот: Томислав Квастек (Прилеп) – Хрватскиот пивот пружи одлична партија на гостувањето кај Вардар Неготино.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ