Имиграцијата не може да го реши падот на населението, лидерите да се погрижат да има деца и нови генерации


Имиграцијата не може да го реши падот на населението во индустријализираните земји, изјави денеска Илон Маск, бизнисмен и сопственик на платформата Х, на политичкиот состанок Атреја, организиран од партијата Браќа на Италија, на чие чело е премиерката на оваа земја, Џорџа Мелони.

Маск ја наведе Кина како пример, тврдејќи дека земјата ќе изгуби 40 отсто од населението, пренесува Анса.

„Мојот совет до светските лидери и сите луѓе е да се погрижат да имаат деца за да создадат нова генерација“, рече сопственикот на „Тесла“, предупредувајќи дека културите на земјите како Италија, Франција и Јапонија се изложени на ризик да исчезнат.

Една од главните цели на владата на Мелони е да го запре падот на населението во Италија, а нацрт-законот за буџетот за 2024 година содржи неколку мерки за поддршка на семејствата со деца.

Илон Маск нагласи дека Италија е добра земја за инвестиции, но дека компаниите се прашуваат дали има доволно луѓе за работа.

Маск, инаку, има единаесет деца со три различни жени.

– Реклама –



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ловќен и Будуќност остануваат доминантни во Црна Гора

По освоениот национален шампионат, ракометарите на Ловќен го...

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...