Историја за Чаир – првпат ќе се бори за трофеј во Купот

Екипата на Чаир се избори за финале во Купот на Македонија, откако во полуфиналето успеа да го надигра Вардар со 32:28 и за Куп трофејот ќе се бори против тимот на Ѓорче Петров.

Иако во натпреварот сѐ влезе израмнето, избраничките на Басри Љатифи од петата  до 20 минута лесно ја пробиваа одбраната на „црвено-црните“, голманката Којовиќ влезе во серија на одбрани, не дозволуваше лесни голови во својата мрежа, па така чаирчанки од 5:5 стигнаа до 10:5 во 18 минута.

Вардарки беа деконцентрирани, ја разбранија Којовиќ, немаа многу течност во своите акции и до 20 минута беа непрепознатливи на теренот. Чаир одлично функционираше во одбраната, успешно реализираше од контри и полуконтри, но во финишот дозовли Вардар да се врати во игра.

По предноста на Чаир од 12:7, составот на Платон конечно успеа да се стабилизира и со головите на Борјана Коцева, Василева и Велјаноска се доближи на 12:11 во 25 минута. Некогашниот шампион на Македонија израмни на 13:13, а по 30 минути игра резултатот беше 14:13 во корист за чаирчанки.

Тимот на Чаир на стартот на вториот дел успеа да воспостави резултатска контрола од два гола, додека Вардар беше во притисок повторно да дојде до камбек. Расположена за игра во таборот на Чаир беше Леонора Рахмани, која ја одржуваше својата екипа и во 45 минута предноста на составот на Љатифи беше 24:20. До крајот на натпреварот „црвено-црните“ никако не можеа да фатат приклучок, ниту да ја совладаат Митровиќ и веќе при предност на Чаир од 27:23 во 55 минута јасно беше кој ќе биде патникот во финалето.

Ривал на Чаир во финалето ќе биде тимот на Ѓорче Петров, кој во вчерашниот полуфинален дуел немаше големи проблеми против Куманово. Женското финале од Купот, исто како и машкото, ќе се одигра в недела (19 мај) со почеток од 16:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Чурлиновска собра 12 одбрани и стана МВП против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло...

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Исланд

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Македонија доживеа дебакл, но шансите за главната рунда останаа

Женската младинска репрезентација на Македонија во второто коло...

🎥ВИКЕНДОВ НА 24РАКОМЕТ…Играше само 180 минути за Кометал ЃП, а стана легенда во Македонија

Постарите генерации добро се сеќаваат на романската репрезентативка...