Јовиќ: Натпреварите против Вардар се непредвидливи, ќе биде неизвесно до крај!

Еурофарм Пелистер и Вардар денеска ќе го одиграат првиот меѓусебен натпревар во новата сезона.

Во рамките на Супер Купот, двете најдобри македонски екипи ќе ги одмерат сили во салата „Парк“ во Струмица.

Тренерот на битолчани, Александар Јовиќ, вели дека овие натпревари се непредвидливи и неизвесни до самиот крај.

„Се радувам што почнува сезоната и официјалните натпревари. Натпреварите против Вардар се непредвидливи, очекувам неизвесен натпревар до самиот крај. Верувам дека ќе го дадеме најдоброто од нас и дека ќе најавиме долга и успешна сезона“, вели Јовиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар се игра вечерва во „Парк“ во Струмица со почеток во 18:00 часот.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Трампа меѓу Кил и Келце – Вулф во Германија, Беласен во Полска!

Според пишувањата на „Билд“, еден од најдобрите голмани Андреас...

Од Куманово во БиХ – Благојевиќ ќе им прави друштво на Граџан, Николиќ, Плех…

Довчерашниот член на Куманово, Милош Благојевиќ, кој во...

Вардар ја врати Јасмина Попова во своите редови

Покрај продолжувањата на неколку договори со клучните играчи,...