Кадети: Триумфи за Прилеп, Струга, Еурофарм Пелистер 2…

Се комплетираше 7. коло, кај кадетите во групите А и Б, и 8. коло во групата В.

Во група А, Прилеп триумфираше против Скопје со 34-31. Најефикасен кај Прилеп беше Ангел Ристески со 11 гола, додека кај Скопје најефикасни беа Владо Ристески и Марко Ковачевиќ со по 10 гола.

Струга беше убедлива против составот на Кузман Вардар со високи 52-26. Листата на стрелци во победничкиот табор беше предводена од Дарко Ѓонески со 13 гола, а најдобар поединец кај Кузман Вардар најефикасен беше Марио Петровски со 10 гола.

Без победник заврши дуелот меѓу Преспа Вардар и Охрид, 27:27. Најефикасен кај Преспа Вардар беше Александар Филиповски со осум гола, додека кај Охрид најефикасен беше Никола Стефаноски со осум гола.

Во група Б, лидерот Еурофарм Пелистер 2 беше сигурен кај Голден Арт со 42-32. Најефикасен кај битолскиот тим беше Марко Димовски со 12 голови, додека кај Голден Арт најефикасен беше Марко Каркалашев со 10 голови.

Вардар забележа убедлива победа на гостувањето кај Вардар Неготино со резултат 34-18. Најдобар стрелец кај Вардар беше Максим Тодоровски со седум гола, додека кај Вардар Неготино најдобар стрелец беше Стефан Ицев со пет гола. Лазар Кузев од Вардар Неготино заработи директен црвен картон поради неспортско однесување во 26. минута од првото полувреме.

Мулти Есенс беше сигурен против Тиквеш со високи 39-24. Најефикасен кај Мулти Есенс беше Тодор Аксентиев со осум гола, додека кај Тиквеш најефикасен беше Мики Лазов со 11 гола.

Младост Богданци триумфираше против Партизан Гевгелија со 38-34. Најефикасен во тимот на Младост Богданци беше Јован Каровски со девет гола, додека кај Партизан Гевгелија најефикасен беше Мартин Георгиев со 16 гола.

Во група В, Куманово стигна до победа против Аеродром со минимални 27-26. Најефикасен кај Куманово беше Јован Насевски со пет гола, додека кај Аеродром најефикасен беше Борјан Благоев со седум гола.

Бисинов го доби градскиот двобој со Борец со резултат 29-12. Најефикасни кај Бисинов беа Александар Славков и Давид Стојановски со по четири гола, додека кај Борец најефикасен беше Оливер Ангелов со пет гола.

Бутел Скопје ги освои бодовите против Македонија Ѓорче Петров, откако славеше со 28-25. Најефикасен кај Бутел Скопје беше Михајло Атанасовски со седум гола, додека кај Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Кристијан Ѓероски со 10 гола.

Кадетска лига (мажи), 7. коло, резултати:
Група А:
Скопје – Прилеп 31-34
Струга – Кузман Вардар 52-26
Преспа Вардар – Охрид 27-27
Еурофарм Пелистер слободен

Група Б:
Голден Арт – Еурофарм Пелистер 2 32-42
Вардар Неготино – Вардар 18-34
Мулти Есенс – Тиквеш 39-24
Младост Богданци – Партизан Гевгелија 38-34

Група В, 8. коло:
Куманово – Аеродром 27-26
Бисинов – Борец 29-12
Македонија Ѓорче Петров – Бутел Скопје 25-28
Алкалоид слободен
Астраион слободен



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ѓорѓески: Со максимален ангажман од сите играчи можеме до победа против Вардар

После тринеделната пауза поради репрезентативните обврски и завршницата...

Николов и Начевски со голем предизвик – ќе судат дуели за титула во Саудиска Арабија!

Македонските арбитри Славе Николов и Ѓорѓи Начевски пред...

Колумна: Мицкоски Versus Мицотакис – OhridNews

Абре таман сиромајот се фати на орото одма се...