Кадетите со убедлива победа одат на СП

Кадетите со убедлива победа одат на СП

Машката кадетска репрезентација на Македонија со убедлива победа во понеделник ќе замине за Ријека на Светското првенство.

Македонските кадети славеа на контролниот натпревар против новиот суперлигаш Мулти Есенс со убедливи 12 гола разлика, 31-19.

Претходно во Маврово, кадетите загубија минимално со 30-29 од комбинираниот тим на Еурофарм Пелистер, иако имаа и удар од седум метри за реми.

Хендикеп за Македонија во Хрватска ќе биде повредата на десниот бек Димитар Узунчев, кој беше единствена опција на таа позиција.

Нашите кадети се во група со Норвешка, Црна Гора и Грузија, а Мундијалот го стартуваат на 2 август против скандинавскиот ривал.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ