Кадетките убедливо поразени од Унгарија

Женската кадетска репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз на Европското првенство во Црна Гора, откако во рамки од второто коло беше убедливо поразена од Унгарија со 46:17.

Ракометарките на Кристијан Грчевски целосно беа немоќни против расположената Унгарија, која во дуелот македонската репрезентација одработи како на тренинг.

Кадетките на Унгарија победата ја обезбедија уште во првото полувреме, отворија фуриозно, водеа со 9:1 во 10-та минута, потоа имаа предност од 15:2 и како одминуваше времето растеше нивната предност.

Македонија се обидуваше да ја преполови негативата и да се избори за поблаг пораз, но големиот број технички грешки и нереализирани напади си го направија своето. На полувреме предноста на Унгарија беше плус 17, 23:6.

Вториот дел беше само формалност и шанса за Македонија да го поправи лошиот впечаток од првиот дел. Сепак, Унгарија не дозволуваше опуштање и рутински си ја заврши задачата во вторите 30 минути.

Најефикасна во Македонија беше Леона Миленкоска со пет погодоци, четири реализации имаше Анастасија Трпеска.

Следен ривал на Македонија е репрезентацијата на Франција, но овој дуел за нашата селекција нема да има никакво резултатско значење, бидејќи со двата порази, од Унгарија и Романија, нема никакви шанси за пласман во следната фаза.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Дневен хороскоп за вторник, 26-ти септември 2023-та

ОВЕНОвој ден ќе биде полн со предизвици за Овните....

Владата денеска одлучува дали ќе пиеме поевтини сокови и алкохол

Владата денеска треба да донесе одлука за намалување на...

Даниловски до Комисијата за заразни болести: Дали сте бре нормални?

Докторот Драган Даниловски на својот фејсбук профил и се...

24 СЕДМЕРЕЦ: Модифицирано | 24 РАКОМЕТ

Ваучерот од 2024 ќе го нема...