Како да го приспособите клима уредот да троши помалку струја?

Високите температури и животот без клима стана речиси незамислив. Меѓутоа, штом ќе го земете далечинскиот управувач, се поставува друго прашање, колку ќе биде сметката за струја. Дали навистина штедите струја со исклучување на климата кога не сте дома или подобро е да ја оставите климата да работи на иста температура цел ден?

Експертите велат дека системот за ладење на просторот најдобро функционира кога работи со полна брзина, а не кога работи во пократки интервали со помала брзина.

Поточно, подобро е да ја оставите климата да работи со полна моќност, кратко време, а потоа да ја исклучите кога ќе ја излади просторијата, отколку да ја оставите да работи цел ден на иста температура.

Во овој, полн интензитет на работа, клима уредот не само што ќе ви заштеди пари, туку и ќе ја извади влагата од просторијата.

Исто така, кога се зборува за заштеди и клима, битно е да го поставите термостатот на клима уредот на повисока температура, да речеме, разликата помеѓу температурата во просторијата и надворешната да не е повеќе од седум степени, ќе заштедите многу.

Според некои податоци, клима уредите трошат три до пет проценти помалку енергија со секој степен повисок на термостатот.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Силен турнир во Добој: Пелистерци ќе тестираат против Веспрем, Барса, Загреб…

Еден од најстарите ракометни турнири во Европа заедно...

ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше од лутиот ривал, Арсиќ останува во Шабац

<!-- ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Обрадовиќ верен на Партизан, Динамо купуваше...

„Секој натпревар го почнуваме доминантно, ја имаме публиката како осми играч“

Битола е ракометен град, каде битолската публика игра...

Пролет го донесе пивотот Стојчевиќ, Василевски потпиша нов договор

Тимот на Пролет го комплетираше првиот трансфер во...