Како почна да ни се случува ЕДИНСТВОТО?

Прескромно ќе биде да кажам дека салата грмеше, седум илјади грла во салата пееја македонски песни, младите луѓе што беа дојдени зрачеа со еден посебен сјај, со една надеж, која се чини дека новата претседателка ја разбуди кај Македонците!
Нејзините зборови како да почнаа да се остваруваат во живо, навистина ни е потребно единство, а тоа веќе почна и да ни се случува. Тоа единство, во чиј фундамент е патриотизмот, беше разбудено од гените и од потсвеста, а доаѓаше како цунами! Имено, осеката на патриотизмот и родољубието ни недостигаше во изминативе неколку години, а од завчера се чини дека почна да избива на површина кај секој Македонец. Токму така, по осеката, дојде невиден наплив на патриотска плима!

Македонската ракометна репрезентација завчера одигра одличен натпревар против Фарските Острови, во кој забележа победа од 34-26. Оваа победа вечно ќе се памети, но за мене особено е значајна онаа другата победа, националната, која на терен ја покажаа ракометарите, а на трибините навивачите.
И како што само неколку часа претходно истакна од собраниската говорница претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова: „Потребно ни е единство!“, а тоа можеби најдобро се виде на натпреварот во кој и играчите и навивачите го оставија срцето на терен.
За да се долови амбиентот, таа атмосфера мораше да се доживее во живо, бидејќи навистина е тешко со зборови да се опишат емоциите и чувствата што беа разбудени кај сите нас. Салата во СЦ „Борис Трајковски“ беше премала за да ги собере сите горди Македонци дојдени да навиваат со целото свое срце и душа.
Прескромно ќе биде да кажам дека салата грмеше, седум илјади грла во салата пееја македонски песни, младите луѓе што беа дојдени зрачеа со еден посебен сјај, со една надеж, која се чини дека новата претседателка ја разбуди кај Македонците.
Нејзините зборови како да почнаа да се остваруваат во живо, навистина ни е потребно единство, а тоа веќе почна и да ни се случува.
Убаво беше чувството да се биде Македонец деновиве поради говорот на Силјановска-Давкова, но и поради ракометарите, кои со љубов, жар, посветено и со страст на спортскиот ракометен терен ги бранеа дресот, грбот, знамето и боите на својата татковина – Македонија. Уште попријатно беше да се гледаат навивачите како грмат за Македонија, кои со развиорени знамиња и гласни грла навиваа за нашиот тим од длабочината на душите и срцата.

Убаво беше чувството да се биде Македонец деновиве поради говорот на Силјановска-Давкова, но и поради ракометарите, кои со љубов, жар, посветено и со страст на спортскиот ракометен терен ги бранеа дресот, грбот, знамето и боите на својата татковина – Македонија. Уште попријатно беше да се гледаат навивачите како грмат за Македонија, кои со развиорени знамиња и гласни грла навиваа за нашиот тим од длабочината на душите и срцата

Тој патриотизам, разбуден од гените и од потсвеста, доаѓаше како цунами! Имено, осеката на патриотизмот и родољубието ни недостигаше во изминативе неколку години, а од завчера се чини дека почна да избива на површина кај секој Македонец. Токму така, по осеката, дојде невиден наплив на плима!
Тој патриотизам, преку навивачкиот дух, како вирус се ширеше во секој Македонец и се разгоруваше при секој гол на младите момчиња. Македонците ги слават своите нови спортски херои, кои ги направија горди и чии подвизи на теренот ја разгореа љубовта кон Македонија и покажаа како треба да се сака и да се навива за својата земја.
Па, има ли нешто поубаво од она што го доживуваме деновиве?
И не, не е само победата. Воопшто не е. Ракометарите ни ги стоплија срцата, ја разгореа онаа патриотска љубов во душите, ни покажаа за кого се. Тие го кренаа моралот на целата нација, грмеше салата каде што играа, ама грмеше и секој дом во Македонија.
Затоа и велам, говорот на Силјановска-Давкова веќе почна да се манифестира. Луѓето како да го чекаа тоа, па грмнаа без страв да го изговараат она за кое досега се чинеше дека е грев да се спомене, а тоа е името Македонија!
Можеби од него многу политичари се срамеа, многумина и не го изговараа, Македонија ја нарекуваа „нашата држава“, „татковина“, но не го изговараа името Македонија, ама народот сепак покажа, исто како што и навивачите покажаа, дека и тоа како се горди Македонци од Македонија!

[email protected]

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...