Кастратовиќ: Се вративме во дуелот, но ни недостигаше сила и концентрација

Ракометарите на Прилеп во рамки од второто коло од Супер лигата на гостувањето кај Пролет беше поразен со 30:25.

Голем хендикеп за Прилеп беше црвениот картон на Никола Цветаноски во 15-та минута, па така гостите 45 минути играа без еден од најдобрите играчи.

Најефикасен во дуелот против Пролет беше средниот бек Владан Кастратовиќ, кој постигна пет погодоци. Црногорскиот интернационалец истакна дека недостикот на концентрација во последниот период, како и црвениот картон на Цветаноски, биле клучни за денешниот пораз.

,,Не одигравме според договореното, но тоа е спорт. Ни се случи голем пех на почеток на натпреварот. Останавме без еден од најдобрите шутери во тимот. Тој црвен картон многу не потресе и ги поремети работите. И покрај тоа, успеавме да се вратиме и да го израмниме резултатот, но недостикот на сила не ни дозволи да ги однесеме бодовите дома. Имавме многу шанси, но кога ќе останете без сила и енергија, потешко е да се реализира, можеби недостигаше малку среќа. Како и да е, оваа игра заврши, треба да се подготвиме за следниот дуел. Играме дома со Вардар Неготино, нова игра, нова шанса, ќе дадеме се од себе и ќе се обидеме да ги задржиме бодовите кај нас. Овој дуел за нас е  нова шанса која треба да ја искористиме на најдобар можен начин – со победа”, изјави Кастратовиќ.

Прилеп пружи отпор, но бодовите ги освои Пролет



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија со две промени против Црна Гора

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го...

Заврши сонот за четвртфинале, Македонија ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место

Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство...

Познати се шеширите пред ждрепката и во женската елита

Европската ракометна федерација (ЕХФ) денес ги објави  шеширите...