Катастрофален пораз на “европската“ безалтернативност – Denesen.mk

Страшо АНГЕЛОВСКИ

Помина точно една недела од завршувањето на двојните, претседателски и парламентарни, избори во Македонија. Резултатите, најверојатно со мали корекции, по прегласувањето на неколку избирачки места, се речиси познати. Двојна, историски голема победа од позиција на опозиција, оствари коалицијата “Твоја Македонија“, што и не е некое големо изненадување за секој кој предвидуваше реално и непристрасно.

Ако кон ова го додадеме и извонредниот резултат на опозициската коалиција на партиите на македонските Албанци и, резултатите на двете помали партии, кои истрчаа на левата страна на политичката сцена, но со суверенистичка реторика, работите стануваат повеќе од јасни.

Имено, на страната на поразените останаа само двата “европски фронта“, кои, немајќи визија за иднината на Македонија, не сакајќи да понудат програми за развој на државата, вопшто не верувајќи и не почитувајќи ја нејзината сувереност и народот како нејзин суверен, се потпираа само на лажните ветувања за “подобар живот во ЕУ“, за “бесплатното лекување“, за “високите пензии и плати“, за “медот и млекото што ќе потечат“ после некоја деценија, по приемот на државава во ЕУ.

Веќе чуена реторика, која еднаш, пред осум години, успеа да прелаже еден дел од македонските гласачи. Реторика на лагата и измамата, реторика зад која се затскриваше толку видливиот криминал, корупција, ароганција, неспособност… Реторика која немаше за цел да понуди што и да е, туку само да посее страв меѓу граѓаните. Страв од “изолација“ на државава претставен од едните “европјани“ и, страв од “влијанието на Русија“ претставен од другите “Европјани“, доколку, нормално, не се “вкопаме“ во рововите на нивните “европски фронтови“.

За среќа, гласачите, еднаш измамени, откако се уверија дека гласајќи за “европските фронтови“ пред осум години, освен променето име на државата, избришан идентитет на македонскиот народ и, влегувањето на НАТО во Македонија (не Македонија во НАТО), не добија ништо од ветуваниот подобар живот, овојпат, “математички прецизно“ ја поразија нивната безалтернативна и лажна претстава за иднината.

ДВОЈНИТЕ СТАНДАРДИ НА “МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА“

Но, мораме да бидеме коректни и да кажеме дека за поразот на “европските фронтови“ многу придонесоа и двојните стандарди и неморалот на “меѓународната заедница“ кон која безалтернативно ќе не придвижуваат “европјаниве“.

Доволно е да се следат нивните потези за да се извлече вистинскиот заклучок за “меѓународното“ лицемерие и двојни стандарди. Ова, ќе го поткрепам само со неколку примери кои доволно зборуваат:

  1. “Меѓународната заедница“ брзо – брзо го призна неуспешниот реферундум со триесетиседумпроцентна излезност како успешен, за да има основа да изврши притисок и да го реализира потпишувањето на Преспанскиот договор и, бришењето на македонската држава и македонскиот народ. Истовремено, референдумот со девеесетпроцентна излезност, според кој Каталонија требаше да добие независност, беше прогласен за неуспешен, а неговите иницијатори се најдоа во затвор.
  2. Упорно се врши притисок, па, еве, и врз новиот претседател на државава, госпоѓа Силјановска Давкова, за беспоговорно почитување на Преспанскиот договор, како меѓународен договор, иако невалиден и донесен со измама. Истовремено, договорите од Минск, на пример, како меѓународни договори, не само што не се почитуваат, туку “меѓународните“ претставници, тогашниот претседател на Франција, Оланд и, канцеларката на Германија, госпожа Меркел, јавно изјавија дека биле потпишани за да биде измамена Русија.

Како би се чувствувале овие лицемери и измамници доколку новата македонска власт изјави дека договорот не го признаваме, а го потпишавме само за да ја измамиме Атина?

  1. Сега се врши нов невиден притисок врз Република Македонија за промена на Уставот и внесување на делот од бугарскиот народ во него. Истовремено, никој од “меѓународните“ измамници не сака ниту да и приговори на официјална Софија за непочитување на одлуките на Европскиот суд и непризнавање на македонците во Република Бугарија.

МОРАЛНИТЕ ФРАНКЕНШТАЈНИ НА ЕВРОПА

И на крајот, што да се каже за неморалот кој декадентната ЕУ ни го нуди како нова вредност што треба да ја прифатиме? Доволно е да се погледне натпреварот за Песна на Евровизија, на кој, за среќа, не учествувавме и, зборови веќе не се потребни. Доволно е да се видат оние суштества кои продефилираа на сцената, со кои треба да се поистоветуваат нашите деца. Суштества без чест, без морал, призакрпени морални Франкенштајни како грди чудовишта, со кои “европскиве фронтмени“ најверојатно се поистоветуваат.

Едниот од нив, оној кој победи, не се чувствувал како “тој“, туку се чувствувал како “тие“ и така сакал да му се обраќаат. И, додека Фон Дер Лајен и Шарл Мишел му ја честитаа победата на суштеството онака како што, нели, се чувствува, односно, како на “тие“, истовремено изреагираа на желбата на претседателката Силјановска Дафкова да биде прифатена онака како што се чувствува – како Претседател на Македонија.

Да им посакаме на овие “меѓународни“ измамници како претставници на либералните елити, да бидат катастрофално поразени на претстојните избори за Европскиот Парламент идниот месец, како што пред една недела беа поразени нивните измеќари овде. Со тоа, да бидат поразени и нивните извитоперени антицивилизациски вредности кои упорно ги наметнуваат.

Честит 15 Мај, Ден на традиционалното семејство, семејството на мајката, таткото и нивните здрави деца.

(авторот е претседател на МААК)

 




Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Соиграч на Филип Талески пред преселба во Партизан

Тимот на Партизан за следната сезона создава тим...

Фуксе Берлин по долга пауза се враќа во европската елита

На неколку кола пред крајот во најквалитетната лига...

Не го однесе клубот на Ф4 во ЛШ, па си заработи отказ

Скапиот проект на ЧСМ Букурешт петта сезона по...

Три екипи во битка за директен опстанок во елитата

Утре со натпреварот меѓу Скопје и Мулти Есенс...