Кил ги освои бодовите на незгодното гостување кај ПИК Сегед

Екипата на Кил на гостувањето во Унгарија кај ПИК Сегед триумфираше со 28:27 (16:14) во натпревар од 13. коло од Лигата на шампионите.

Кил со денешната победа го задржа лидерското место во групата А, сега има 20 бодови, додека Алборг, кој тирумфираше над Еурофарм Пелистер, има 18.

Во неизвесниот дуел проследен со многу пресврти, избраниците на Филип Јиха имаа повеќе среќа во финишот.

Најефикасен во победничката екипа беше Ерик Јоханесен, постигна осум погодоци, пет додаде репрезентативецот на Фарски Острови, Елиас Елефсен а Скипаготу.

Кај ПИК Сегед прво име беше десното крило Марио Шоштариќ со осум погодоци, додека голманот Роланд Миклер бранеше фантастично и натпреварот го заврши со дури 15 одбрани.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Чаневски одличен, Макаби Ришон од второ место во полуфиналето на плеј-оф

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што...

Митревски „спушти ролетна“, Порто ја надигра Бенфика на Талески

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ја продолжи одличната...