Ќе им веруваме ли дека идната учебна годинава ќе има учебници?

Учениците во Македонија никако да добијат комплетни учебници. Проблеми има во основните, во средните, во стручните училишта… Те немало автори, те често се доцни со постапките за издавање на учебниците, те…

Па така, наставниците, учениците се снаоѓаат како знааи и умеат: се диктира, се прават и копираат скрипти, се прават некакви прирачни средства… Да, да обва е сликата за македонското образование кое инаку властите „успешно го реформираат“.

Сепак мора да се признае дека властите редовно даваат уверувања дека проблемот ќе се надмине и дека учебниците ќе бидат обезбедени. Така и завчера министерот за образование Јетон Шаќири повторно кажуваше дека учебниците, посебно за оние ученици кои сега учат по нови наставни програми што ги воведе поранешната министерка Мила Царовска, ќе бидат обезбедени. 

Идната година со нови наставни програми ќе бидат опфатени трето и шесто одделениеЗа трето одделение повикот за автори е објавен во ноември. Се уште не е пуштен повикот за шесто одделение затоа што ги очекуваме наставните програми. Кога ќе ги достави Бирото за развој на образованието, веднаш ќе биде објавен и повикот за автори за учебници. Со завршување на трето и шесто по новата Концепција, мислам дека ќе ги имаме сите учебници во септември зашто немаме оправдување за временските рокови кои се законски, уверува Шаќири.

Останува да веруваме дека  барем идната учебна година ќе стасаат да ги направат потребните учебници. Ќе веруваме или ќе стрепиме?

Инаку, за скандалозниот учебник по предметот Историја и општество за петто одделение во кој беа увидени неточни податоци министерот информира забелешките кои стигнале до МОН се доставени до авторите. Објавен е и повикот за рецензенти но на него не се пријавил никој.

Ако и на вториот оглас за рецензенти ќе нема пријави, ќе побарам од Педагошката служба да ја извести Националната комисија за состојбата со тој учебник и потоа таа ќе донесе одлука според законот – што кога нема пријавено рецензенти: дали учебникот може да се повлече и кои се другите законски обврскирече Шаќири.

Учениците и наставниците, значи, добија ново ветување…

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ