Ќе научи ли нешто министерството од учебникот полн со грешки?

Учебникот кој е преполн со грешки сепак нешто не научи. Дека во Македонија никој за ништо не е одговорен, ама има многу „одговорни институти, тела, бироа…“ кои се дебело платени да го оправаат слабиот образовен систем.

Да. Кој е одговорен за лошиот учебник за 5-то оделение? Авторите, рецензентите, Бирото за развој на образованието, Националната комисија за учебници, Министерството за образование, министерот…? Кој? Вака се реди списокот на сите оние кои требало да направат се за учебникот да биде како што треба.

Деновиве гледаме како сите тие покажуваат кон некој друг околу одговорноста. И така во круг… најверојано се чека јавноста да заборави на скандалот.

И на крај, извесно, ќе излезе дека никој не е одговорен. Сите ќе со ги земат хонорарите или платите и ќе тераат понатаму. Министерството само ќе треба да решава што да му прави на учебникот, дали да го повлече или да ги поправа грешките…. И за двете работи ќе побара пак некој за хонорари или за плата да работи. Народот ќе плати.

А сето ова станува можно со оглед на тоа што сега на површина излезе и начинот на којшто кај нас се објавуваат учебниците. Односно, на виделина излезе тоа колку многу фази и тела има за да се дојде до еден учебник. Се има Министерството, се има распишување на тендери за изработка на учебници, комисии, автори, рецензенти, Биро за образование, Национална комисија од 17 члена, па пак Министерството… Цел куп фази, автори и институции низ чии раце треба да помине еден учебник за да учениците добијат квалитетни знаења. Колку скапо чини сето ова ангажирање не е тешко да се пресмета.

Но, проблем е во тоа што и толку многу фази и контроли на крај не се доволни за да се добие учебник во којшто нема да има погрешни податоци и други грешки. Еден учебник, а многу проблеми и пропусти.

Да споменуваме ли дека истите тие се подготвуваат да го реформираат целото образование?

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Поповски меѓу најдобрите, Цирих ја доби првата битка со Сент Гален

Екипата на Амичитија Цирих, во која настапува Мартин...

Дукоска оперирана, под знак прашалник настапот на СП

Ракометарката на Чаир, Теодора Дукоска, е успешно оперирана...

Фабрегас, Халгримсон и Фернандез ја засилуваат Барса!?

Според информациите на „Totcosta“ каталонскиот гигант Барселона планира...

Бисинов го води орото во прволигшакиот плеј-оф, голема борба за второто место

Со натпреварот меѓу Радовиш и Македонија ЃП беше...