Кога Али Ахмети кажува за уставните измени…

Колумна на Наташа Котлар-Трајкова:

Кога водачот на Зелената партија (ДУИ), Али Ахмети, ни вели да не се плашиме од „уставните измени“, навистина ние, Македонците, треба да се плашиме од позеленување на нашата свест! Да е иронијата поголема, тој ова го кажа на вчерашниот предновогодишен коктел во неговата зелена партија. И не само тоа, дури и нагласи дека со „уставните измени, ни се отвора патот за влез во Европската Унија … ова е момент на меѓународно легитимирање на нацијата на нашите сограѓани Македонци.“

Да појаснам – народот прави држава, а таа пак, создава нација. Што значи, изјавата на зелениот лидер е школски пример на оксиморон, како да кажал – видовит слепец! Конкретно, македонскиот народ низ историските процеси, а особено низ многуте борби, го изодел патот од георафското поврзување (со регионот): Македонија – македонски, преку политичкото издвојување: Македонија на Македонците, до народното зреење: Македонија – Македонец.

Очигледно е дека зелениот водач го пренебрегнува ова, а тоа е сериозна и опасна работа. Затоа и неговите зелени претставници, како и другите во Собранието пред три години гласаа за уставните измени за промена на името на државата Македонија, погребувајќи го и Манифестот на АСНОМ, документот за државотворните одлуки од Првото заседание (2.8.1944). А, еве и зошто!

Во Манифестот се вели: „Тргвајќи од вековните идеали на македонскиот народ, првото македонско Народно Собрание го прокламира пред цел свет своето праведно и неостапно сакање за обединение на целиот македонски народ на принципите на правото за самоопределуване. Со това ќе се тури крај на робството на македонскиот народ во сите негови делови и ќе се создадат условија за искрена солидарност и мир между балканските народи.Бидејќи свесно оти фашизмот е најголемиот враг на малите народи и на славјанството, првото македонско Народно собрание тржествено изјавува оти македонскиот народ нема да го остави оружието дури фашизмот со сите негови помагачи не биде исцело разгромен. Борејќи се за слободата на македонскиот народ… Првото македонско Народно Собрание е прокламира слободата и равноправноста на сите народности во Македонија (Албанци, Турци, Власи и др., б.м.). Мобилизирајте ги сите сили поскоро да ги оствариме неговите свети принципи. Учествувајте равноправно во борбата против окупаторот за да можете равноправно да учествувате во изградувајнето на слободна Македонија – слободна татковина на сите народности.“

Оттука, измените на Уставот (внесување на Бугарите како коститутивен народ) што ги заговарат Али Ахмети и другите ликови од власта, а ги ветиле некому, таму во ЕУ, без народно одобрување, говорат во смисла на бришење на сувереноста и интегитетот на македонскиот народ и нација. Затоа при актуелна Декларација на бугарското собрание (2019) и на другите асимилаторски и великобугарски документи кон македонскиот народ, во низа на сите овие години, ова треба многу да нé плаши!  А, особено треба да го плаши н е г о  зелениот водач, кој е дел од македонската нација (сакал или не)! Па дури и животот да го даде за неа и нејзината подобра иднина!

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Драчево со гол од пенал ги освои бодовите против Младост Богданци

Ракометарите на Драчево на свој терен успеаја да...

Веспрем повторно му одржа лекција на ПИК Сегед

Екипата на Веспрем денеска уште еднаш му покажа...

Магдебург гази се пред себе – на чекор до титула во Германија

Во дерби дуелот од 29. коло во Бундес...

Ustavni sud se ponio kukavički

POSTIZBORNI cirkus ulazi u svoj...