„Кога ми понудија да бидам тренер, само прашав – каде да потпишам“

Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед има нов тренерски двоец по заминувањето на легендарниот Хуан Карлос Пастор.

На клупата седна Кристијан Карпати, млад унгарски стратег и екс селектор на младинците, кој ќе работи со Владан Јордовиќ, кој долги години е во младинските категории на ПИК Сегед.

Карпати за „Спорт ТВ“, раскажа како реагирал кога ја добил понудата да седне на клупата на ПИК Сегед.

„Ненадејно претседателот на клубот ме викна во канцеларија и ме праша ако не најдат тренер за сезонава дали би се нафатил јас на таа работа. Веднаш прашав – каде да потпишам?“, вели Карпати.

ПИК Сегед преговараше долго со Талант Душебаев, чиј помошник требаше да биде Карпати, но откако Шпанецот остана во Келце, унгарскиот тим се сврте кон други решенија.

Нов стратег од сезоната 2024/25 би требало да биде Швеѓанецот Микаел Апелгрен, кој не можеше да дојде ова лето поради договорот со Савехоф, а со него во пакет би требало да се врати во клубот и Јонас Калман, кој ја заврши играчката кариера.

ПИК Сегед е еден од противниците на Еурофарм Пелистер во групната фаза од Лигата на шампионите.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Стружани „брусат“ нов дијамант – Клењоски дебитираше во Супер лигата на 13 години!

Струга отсекогаш важела за расадник на ракометари, и...

„Опенхајмер“ ита кон Оскарите по наградата SAG

Историскиот еп за создавањето на најсмртоносното оружје „Опенхајмер“ освои...

Што не го изгласаат законот за продолжување на пасошите, наместо ДА ДРАМАТ ЗА ОБРАСЦИ НА ГРАНИЦА?

СДС уште еднаш ја докажаа својата неспособност. Помпезното пречекување...