„Кога на вашите им викате „јас и Оливер се обезбедивме“ ЈАСНО ИМ Е ДЕКА ГИ ГУБИТЕ ИЗБОРИТЕ“

Во однос на апанажата, кога вашите членови, симпатизери, луѓето кои што се сега на некоја функција во СДС или луѓе кои што се надеваат дека ќе бидат на некоја функција после изборите, им ја праќате пораката дека „Јас и Оливер се обезбедивме“ а за вас ќе видиме што ќе правите следната година, јасно им е на сите дека СДС е пред нокдаун на 8 мај а претходно на претседателските избори, изјави во „За или против“ на Алфа пратеникот Љупчо Пренџов.

Пренџов истакна дека по тоа се познава кревањето на бело знаме какако и ова нема да биде обично губење на изборите туку ќе биде катастрофално губење на изборите.

– Сите овие седум години на еден или на друг начин ја тероризира македонската јавност, тероризираа целни групи уназадија многу процеси. Тие мислеа дека граѓаните може да ги лажат цело време со пи-ар, едноставно беа од лепени од реалноста од лепени од реалните проблеми немаа желба за работа да ги решаваат проблемите што се случуваа во државата. Сега граѓаните на 8 мај ќе им ја испорачаат сметката за сето она што се случуваше изминатиот период а нивната апанажа е законско право но пораката е секако многу силна што ја праќаат пред се кон нивните членови, истакна Пренџов.

Пренџов додаде дека во изминатите 30 години ниту еден министер или директор од СДС не одговарал и покрај многуте криминали и афери, и нагласи дека и ден денес СДС се обидува да го контролира судството и обвинителството.

– Суштината за која што власта не сака да зборуваме е во тоа што тие сакаат да имаат и во следните 10 години целосна контрола во обвинителството и во судството во државата. Од 90- тите кога СДС бил на власт кога се бирале по 500 судии во еден ден во собранието преку вакви судски совети кои што ги правата сега, и денеска пред заминување од власт тие практично цело време го контролираат судството. Ја видовме цела приватизација која што беше пари, многу останаа без работа повторно дојдоа на власт 2002, 2006, повторно имаше криминал афери кажете ми еден министер на СДС што одговарал од 1992 година до денеска, вели тој.

Пренџов нагласи дека не знаеме за ниту еден директори за нито една голема афера да некој одговарал од СДС во овие 30 години.

– Никој не одговарал за ништо затоа што од 92 до ден денешен со овој закон и во следниот период ќе се обидат да имаат целосна контрола на судството и обвинителството, нагласи Пренџов.

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Чаневски одличен, Макаби Ришон од второ место во полуфиналето на плеј-оф

Израелскиот шампион Макаби Ришон Ле Зион, каде што...

Митревски „спушти ролетна“, Порто ја надигра Бенфика на Талески

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски ја продолжи одличната...