Кој е следниот странец што ќе дојде да ни каже: Сменете го Уставот, ама ништо не можам да ветам?

Македонија пак е омилена дестинација за дипломати и функционери од држави членки на ЕУ. Наеднаш се сетија на нас, интересни сме им, потребни…

Да се смени Уставот, не запирајте на патот кон членството во европското семејство… сето ова се пораки кои изминативе месец – два ги слуша македонската јавност. Ги изговараат странски функционери и дипломати кои одново зачестија со посети на Македонија.

Македонската јавност е навикната на ова, го има ова видено и порано – кога се вршеше притисок джавата да го смени името. Сега таргетот е Уставот.

Последен гостин ни беше германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер. Пораките му беа јасни.

– За патот кон Европа вреди и следниот тежок чекор. Северна Македонија се наоѓа пред важна одлука дали преку претстојната промена на Уставот ќе го трасира патот за отворање на поглавјата во поединечни области, истакна тој.

А запрашан колку е реален планот на македонската Влада земјава да стане членка на ЕУ до 2030 година тој одговори:

– Дали тоа ќе биде 2030 година, мора да разберете, никој во моментов тоа не може да го каже, ниту политичарите од Македонија, ниту од Германија, ниту пак од ЕУ. Никој не може да вети, рече Штајнмајер.

Таква порака, дека треба да се смени Уставот, но и дека нема никакви гаранции дека и по направените уставни промени нема да се случат некои нови блокади неодамна ни ја кажа и европратеничката и лидерка на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите во ЕП Ираче Гарсија Перез.

-Кога зборувате за уставните измени морам да бидам јасна, затоа што тоа е суверена одлука, избор за граѓаните и за Собранието на Северна Македонија. Сега не е време да се игра со партиски прашања. Сега е време да се сфати дека национален интерес е да се работи на ова и сигурна сум дека оваа одговорност ќе биде во рацете на различни актери што ги имаме во овој момент. Не може да се дадат гаранции за она што бугарската Влада ќе го стави на агендата, изјави во Скопје Гарсија – Перез.

Француската државна секретарка Лоранс Бун во Скопје ни порача дека „европскиот пат треба да го изоди до крај“, а албанскиот премиер Еди Рама дека „ниту едно малцинство не треба да биде надвор од Уставот и дека ќе биде фатално ако тоа не се направи“…

Кога ќе дојде нов странец во Македонија и ќе ни каже дека треба да го смениме уставот, а не може ништо да вети? Кому ќе му се падне таа тешка работа да прошета до Скопје? Да не почнат по неколкумина дневно да доаѓаат?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Noć kad je Zoran Milanović izgubio

NIJE ništa uspjelo – ni...

„Од Хрватска веќе не добивам повик, ќе играм за Романија“

Левото крило на Констанца, Валентино Ровниќ, во иднина...

Првпат во историјата – осум земји имаат и машка и женска репрезентација на ОИ

Во текот на вчерашниот ден беше извршена ждрепката...

Легендарниот Шола доживеа неуспех на изборите во Хрватска

Црногорскиот селектор Владо Шола учествуваше на парламентарните избори...