Кој против кого до титулата во Скопје

Кој против кого до титулата во Скопје

Денеска на Светското младинско првенство во Скопје се одиграа сите натпревари од последното коло од главната фаза, а последен патник во четвртфиналето е репрезентацијата на Португалија.

Освен Португалија, во четвртфиналето ќе играат уште Шведска, Исланд, Холандија, Франција, Унгарија, Швајцарија и Данска. Тоа значи дека за пласман во полуфиналето ќе се борат дури три скандинавски земји.

Португалија и Исланд, кои и беа ривали на Македонија во главната, односно групната фаза, ќе имаат тежок предизвик во четвртфиналето.

Данска и стои на патот на Португалија кон полуфиналето, додека Исланд за ривал ја доби Унгарија, која беше второпласирана пред две години на младинскиот Мундијал во Словенија.

Изненадувањето Швајцарија за ривал во четвртфиналето ја има Франција, додека Холандија налета на Шведска.

Четвртфиналните дуели се закажани за 27 јуни, а на 28 јуни ќе се одиграат полуфиналината.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ