Кој во плеј-оф, кој во плеј-аут? Со колку бодови прволигашите ќе ја чекаат пролетната полусезона

Иако треба да се одигра уште едно коло од регуларниот дел од сезоната во Првата лига, сепак, познати се сите патници во плеј-оф и плеј-аут фазата.

Од групата А во прволигашкиот плеј-оф ќе играат екипите на Младост Богданци, Драчево, Јехона и Шампион. Патници во плеј-офот од групата Б се Бисинов, Радовиш, Металург РА и Македонија ЃП.

Натпреварите во плеј-аутот повеќе ќе бидат формалност, но сигурно дека екипите ќе дадат сѐ од себе за да остварат подобар пласман на табелата.

Во плеј-офот ќе има многу возбудувања за првите места, но и понатаму не се знае колку екипи би обезбедиле директен пласман во Супер лигата.

Минатата сезона од прволигашкиот плеј-оф директен пласман во Супер лигата обезбедија Мулти Есенс и Аеродром, додека Драчево играше бараж дуел со Вардар Неготино.

Единствената дилема пред последното коло во групата А е дали Младост Богданци или Драчево ќе пренесат три бода во разигрувањето за Супер лигата. Овие два тима ќе играат меѓусебе во салата „Млаз“.

Прва лига, плеј-оф:

Бисинов 3
Младост 3/2
Драчево 2/3
Радовиш 2
Јехона 1
Металург РА 1
Шампион 0
Македонија ЃП 0

Тимовите на Текстилец, Астраион, Преспа Вардар, Борец, Овче Поле, Кичево и Партизан Гевгелија ќе се натпреваруваат во плеј-аутот, а таму по последното коло ќе биде познато која екипа колку бодови ќе пренесе.

До крајот на декември УО на РФМ треба да реши каков ќе биде системот на натпреварување в година, откако на Собранието во септември не беше прифатен предлогот да има две Супер лиги – А и Б.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – ЖЕНИ (АНКЕТА)

Втора сезона по ред редакцијата на 24Ракомет, единствениот...

ИЗБЕРИ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)

Зад секој успех на тимот стојат и поединци...