Колку тежи зборот на Ангелов и Морачанин кај ДУИ и СДСМ?

Навистина ли е стабилна владината коалиција? Премиерот Димитар Ковачевски деновиве ја убедува јавноста дека Владата ја има стабилната поддршка од 65 пратеници. Тоа што некои помали коалициони партнери конечно почнаа да „мрчат“ за премиерот е „нормално во коалицијата да има различни ставови“.

Дали премиерот е релаксиран затоа што од искуство знае дека помалите партии што и да речат ќе си останат во владиното јато – блиску до државниот буџет или пак овој пат тој глуми релаксираност?

Од она што претходно го најавуваа неговите коалициски партнери се чини дека периодот на стабилноста истекува. Односно, дека наскоро – доколку тие партии си останат на зборот – може да се случат нови напуштања на владиното мнозинство.

Почетокот на јуни и ставање на собранискиот дневен ред на измените во Изборниот законик, на пример, е рокот кој што ултимативно го постави коалицискиот партнер ДОМ за останување во друштвото со Ковачевски. Ова партија, како и неколку, други бараат промена на изборниот модел со воведување на една изборна единица и други промени, но не и воведување на цензус од 5 проценти за влез во парламент.

-ДОМ ќе ја напушти Владата ако до јуни претседателот на Собранието Талат Џафери не ги стави на пленарна седница измените на изборниот модел. Промената на изборниот модел бил услов при преговорите за формирање и на владата предводена од експремиерот Зоран Заев и со актуелната на Димитар Ковачевски, потсети неодамна Маја Морачанин, лидер на оваа партија.

Аргумент дека е потребна промена на изборниот модел за Морачанин е и тоа дека со актуелниот изборен модел се случува партија да освои 30.000 гласа и сепак да не биде застапена во Парламентот. Дали зборот на Морачанин тежи, ќе се види наскоро – ене каде е јуни.

Лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов како услов за останок во владиното мнозинство го побара решавањето на долгогодишните проблеми на бранителите.

-Ќе побараме Владата да ја реализира иницијативата на Достоинство поднесена во декември 2022 година и да донесе Одлука за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители како и триесетина воени инвалиди од 2001 година. Доколку нашата иницијатива биде отфрлена, Достоинство ќе го преиспита своето учество во владеачката коалиција предводена од СДСМ и ДУИ, најави деновиве Ангелов.

Колку тежи зборот на поранешниот генерал Ангелов ќе се види наскоро. Зарем би  чекал реакција од СДСМ и ДУИ до мај идната година?

Свои барања околу изборниот модел има и ЛДП. Таму имаше и малку погласен претседател кој сега „заслужено“ се споменува дека ќе заплива во дипломатски води. Како ќе се однесува новата претседателка ќе се види наскоро.

Свои барања имаше и Демократски сојуз и за разлика од другите помали партии по неколку опомени го напушти владиното друштво и сега делува како опозициска партија.

Сега е само прашањето дали останатите партии и натаму ќе му веруваат на премиерот Ковачевски дека нивните барања ќе бидат решени? Во однос на изборниот модел проблемот му е ставот на ДУИ, која има големи влијание во Владата, со кој се бара воведување на цензусот од 5 проценти за избор на пратеници во Собранието. Сега е формирана работната група за промена на изборното законодавство, но таа се уште не почнала сериозно да работи бидејќи чекала „насоки“. А тоа значи дека нејзиното формирање наликува само на купување на време од страна на премиерот. Дали се ова „сценарио“ се согласуваат и ДОМ и ЛДП јавноста деновиве не слушна.

Прашање е, исто така, дали ќе се најдат решенијата за барањата на Достоинство. Тие барања не се од вчера и до сега беа одбивани…

Очигледно, доаѓа време кога глумењата заедништво и релаксираност привршуваат. Покрај многуте други проблеми Ковачевски ќе треба пак да го крпи мнозинството за кое потроши многу месеци да го „засили“.

Проблемите кои и тежат на Македонија кога ќе дојдат на ред за крпење? Помислуваат ли на ова сите горе споменати?

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Europa se konačno budi iz zimskog sna, Amerika joj okreće leđa. Je li prekasno?

POSLJEDNJE izjave mogućeg novog američkog...

Može li se Europa obraniti ako joj Amerikanci okrenu leđa?

POSLJEDNJE izjave mogućeg novog američkog...

„Потребна е национална стратегија за дамите“

Како и целокупниот женски спорт во државата, така...