Колумна: Балансирај си! – OhridNews

Гаси бре. Гаси синко сијалицата. Па според звукот бре ќе сумиш дал ја погоди шољата. Ако слушниш нешто значи ја погоди, а ако не ќе чистиш после то. Ќеркооооооо….каков депилатор каков бакрач. Втората препона ќе ја прајш на пролет ко ќе се средит енергетскава криза. Ајде ма доста не туку кукај. Не туку се треси ко онакво од прасе. Никаков бојлер. Јок. Как да не. А не ти студеше ко живеевме Ботун ко се капевме во Сатеска? А? Тогаш мојше да се пљаскаш во топлес, со цевките голи в река.

Море луѓе морат да се вклучиме во штедењево на струја. Не бр….посери му се за нас. На функционериве да им помогниме. Абре имат кафе да прајме на упаљач, чај да топлиме на плехон од тераса после сонце. Како? Јок бре омлет. Живи јајца да се пијат. Не смејме да дозволиме функционериве да патет. Не смејме да дозволиме Бислимоски да ојт по скали, а не со лифт, цели два спрата, да ослабит детето. На душа ќе го носиме. Знајш ти колку имат вложено во себе?

Сите требит да мислиме на штедња. Иначе не јаде волкот. Ете и Мице сакат да заштедит. Барат на исти трошак да прајме и референдум и избори. Како ам. Не сакат чоекот да патит народот северњачки. Ете покрај референду избори нек се напрајт и ајвар. Не така. Плус то ако не штедиме нему немат ни една централа да му останит. Ќе се фрлит на незаконски дејанија. Ете му открија бомба дека мешетарел со Орцета за некој тендери. Мада јас мислам дека Мицале е толку поштен шо Орце то го имат монтирано само да не е сам во Струга. То није истина. Зли језици оговарају.

Кај шо го спомнав….алал да му е бре. Скроз на скроз го поддржавам во изјавата кај шо велит дека владава од Тачета вработвит само партиски послушници, а не стручни лица. Зато требит Мицкота да го гласаме. Тој мојт да составит влада само со 3-4 министри. Ќе акнит 3-4 министри ко Тодоров и ето ти влада. Кољо беше и по образование и по наука и по болести. А во слободно време и каратиста и дури одеше на сите европски и светски првенства и турнири. Да немаме трошок.

Чек малку. Кажи жено….аку бе нека дојдет. Ама да носат со нив двајца Албанци. Е па како з`ш…Адмирим рече дека на 3 Македонци, според балансерот, морат да имат по 2 Албанци. Ак дојдет тие ќе станиме 6. Сега јасно е? И не влегви сам в клозет на тотолење. Носи со тебе третина Албанец. Балансирај си.

И дан заборам. Елајси ваму заедно со овие шо ќе дојдет да дишиме посилно з`ш смрзнавме со побратимов. Е то е. Криза е. Мада ич не ми дремит за то шо имат криза. Таче пред некој ден рече дека ова зима не чекат и енергетска и финансиска криза, арно ама заедно ќе си ја пребродиме.

Убајна. Јас и Таче заедно да се бориме. Се радвам. Заедно ќе спијаме. Свртени со плештине. Мада нему полесно ќе ми е. Немат коса за мијање и немат да смрзнит.

Еваааа….стигнавате. Ајде елате во круг и ко ќе речам три-четири силно зејте воздух, а на пола сааааат полека издишвите да си се топлиме. Така така. Вртете плешти и заеднички сите на секој пред него на секого рацете лево – десно да се топлат. И дишењето нека ви е преко нос, полека и воздух да штедиме. Мислам дека и тој ни е ограничен. Не знам. Ама за секој случај…….

Тук дур му повервам на Рустеми дека интензивно се работит на патот Охрид-Кичево скокни и плати донација за кутриве извршители.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Ваљадолид се збогува со Дарко Димитриевски

Македонскиот интернационалец Дарко Димитриевски во новата сезона ќе...

Хрватска со нов селектор против Македонија на ЕП

Младинската репрезентација на Хрватска ќе има нов селектор...