Колумна: Бинек за Вучиќ – OhridNews

Ќути. Овај пат полесно поминавме со некоја странска делегација која ја ја носат нашиве во Охрид. Не ни се тресеа пенџерите дома, не ми падна филџанот со кафе нити пак сликана од Тито шо ја имат обесено Баба во шпајзон се откачи. Хеликоптерите летаа многу повисоко над Охрид, ама не ради шо им беше жал за нас охриѓани, туку заради Вучиќ. Не смееја пониско ради фризурана дан му ја оддувет. Ко сор е. А пак замисли во некаква политичка улога да дојт некој понизок, ко шо имаме ликој на естрадава. Аууу, Тогаш хеликоптерине ќе ни ги ишишет марулите во башчине.

Ете и то заврши. Најдоја компромис ама не разумен. Хорхе е за то цар. Се договорија без потпис. Се израдвив шо Таче ги пофали Курти и Александара за нивната храброст и визионерство. Прдни му се на фалењето од Борел, ништожни ќе беа зборојте на Ескобар ако не се распукаше Ковачески со пофалби. Бар тој знајт шо значит храброст и визионерство во меѓународни рамки апропо неговит екс лидер Зајко.

И тој беше храбар и визионер и го пофалија сите. Не зборвам за фалби од американците тие по дифолт се присутни, а ние пак радви се ко мајка на посрано дете. Храброста на Зајко ни донесе промена на име, сега ќе имаме премиер Албанец, така велит најконструктвиниот народ во држава, па ќе ги вметниме Бугарите во уставот и на крај сами ќе си го вметниме. Ова све за во 2030 да ни рече ќе видиме шо со вас боранијо една. Е тука е заклучокот дека нашето фалење на Вучиќа од страна на Тачета дека на крај Србите ќе добијат бинек.

А тука беше и предвремениот кој рече дека уставни промени со ова власт нема да има. То укажвит пак на она шо тој многу ретко го спомвит: ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ. Додаде дека неговата партија поддржвит све шо е за добро на Македонците, арно ама после предвремените. Ова ко да кажвит дека Мицале полека полека омеквит. Санќим е тесто месено од некого од Унгарија и полека полека стасвит.

Како и Таче така и тој посети неколку продавници ама шо ако некој цени се спуштени, а немаше предвремени. Шо ако колку толку се поткренаа пензиите без предвремни. И јас почнав полека полека да осеќам дека све е бадијала без предвремени. Јасно ми стана з`ш г`с папирон ми се кинит, з`ш салатана не ми е солена, з`ш …..абе турај ти колку сакаш сољ ако немат предвремени.

Еве пред некој ден се спремав да одам кај еден да преговарам Баба да ја мажам и чоекот јасно ми рече: после предвремени. Иш да те немат. Шо да речам не знам. Освен Бранко е крив. Мицале јасно и гласно кажа: појќе немат онадење на македонскиот народ без ВМРО, з`ш веќе не можат да издржат појќе, неколки години немет ништо дупнато.

Тук мене страв ме фати шо ќе прајме ние како држава ако дојт Путин во Македонија. И ние сме ти биле во тие 123 држави шо мојме да го упасиме за воени злосторства ак дојт кај нас. Од една страна требит да сме горди шо му помогвиме на светот, како на НАТО со праќање на наши секаде кај шо имат нерешлив за нив кофликт, ама пак и ова носит одговорност.

Требит да прајме план како шо би реагирале з`ш Путин напати идат во НСРСМ. Мојме да потприсадиме јаболка околу аредоромон ко ќе слетат со “Летечки Кремаљ“ Ilyushin II-96-300PU и да се заплеткат во дрвата и цап. Иначе овај авион со распон на крила 65 метри и 75 метри должина мојт комотно секој момент да слетат на аеродром без да го сумиме.

Или пак мојме за Велигден ко ќе дојт во Македонија, ко шо идет секоја година да му акниме во мимозата расипани јајца и ко ќе појт на инфективно цап лисиците. Од оние замрзнатине јајца. З`ш далеку е Водици да го чекаме да дојт да скокат по крстот. Ко секош.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ