Колумна: Мијалков и лешинарите – OhridNews

Готово. Завршен уште еден субкруцијален проект на НСРМ од главниот проект Автопат 2035. Јас не го вервев министерот ко викаше дека патот за Кичево е во завршна фаза. И сега видов дека е. Зато ти каснел автопатот Охрид-Кичево толку време. Всушност не сакале да ни кажат дека овој автопат е Охрид – Кичево – Виа Идризово – Брисел. Стигвиш и џанк во ЕУ. Е виш у ком лежу зеци грм?

Значи се каснеше со изградба на тунелот кај Идризово, з`ш оние кун Кичево се изградени одамна. А шо да прает кутрите работници ко копаја со кинески виљушки и лајци не квалитетни. Им се виткаа. Да си земееа од “Братство“ квалитетен прибор и многу побрзо ќе се завршеше. Со една кутлача и крај.

И да ти кажам појќе да ни ми ги фалите кинезите дека за 6 месеци изградили мост од 5 километри. Ам за то време кај нас од градинка чоек станвит постдипломец. Плус уште една недела доктор на некоја наука.

Дан заборам. Немој да сте ги казнале тие шо го копаа тунелот. Грев ќе ве фатит. Тие не сакале да избегет преку него туку да стигнет до Струга да го прашет Мијалков како да излезет од затвор.

Кај шо го спомнав. Го искинаа чоекот од казни. Ко мрцини му се нафлрени. Лешинари. Еве сега пред некој ден му одредија драконска мерка за случајот со плацој. Условен затвор ако го повторит кривичнито дело во рок од четири години. А чоекот таман почна в затвор со ваканцијата и живееше на грбот на државата.

Прво го шинија шо сега ќе морат да се вработит ако сакат да преживејт. Абре кој те примат денес да работиш келнер, шанкер на 58 години. Едино да пробат пица деливери. Колку да преживејт. Ај шо му забранија да купвит плацој првиве четири години (после мојт да продолжит) тук не ќе мојт на истите да градит куќи и за да се скрасит негде ќе морат да се раскупвит готови станој.

Пак за истото дело на Зоне Унгарска му ја зголемија од 7 на 9 години. Така е можда е најубо. Од сите шо ашиковаа од ВМРО сите казни да му се префрлат на Побегуља, нек го казнет 200 години сурѓун, з`ш тој од Пешта ќе дојт во држава ко ќе речит вагинана куку.

Уште едно име ова недела ми падна в око. Оливје Веран, потпарол на француската влада. Чоекот им соопшти на Макрон и на сите министри дека им е забрането на службените телефони да инсталираат апликации на ТикТок, Нетлфикс и најважната Кенди Краш Сага.

Е дал мојт ова да се напрајт на македонските пратеници. Можда побргу ќе го решат спорот со Бугарија. Ама пак од друга страна на европско ниво на табелата за Кенди Краш многу наши пратеници се котирет високо. Посебно од ДУИ. Зато работите не ни се завршени.

Еве Таче повлече нога и им рече на Бугарите дека морет да ги почитувет реципроцитетно правата на малцинствата како шо прајт Македонија. Тек после то может да ни истепет Македонец па да го посетат ко Бујарчо шо напрај. Мада тој нивниот требит да е Бугарин шо се осеќат ко Македонец.

Само не ме бендиса начинот на кој Ковачески им го плесна то в лице. Еве да ја анализираме ова реченица на Тачета: и затоа уште еден повик од моја страна да бидат почитувани сите права исто како што кај нас се почитуваат правата на сите етнички заедници. Е кајмат овде, ве молам, аман, не се љутите, ќе се натртиме, ние ќе си земиме сами вазелин, немат да офкаме…..Камо?А?

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

МВП НА 9. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР ЛИГАТА – ДЕНИС ШАБАНОВИЌ (ПРИЛЕП)

Ракометарот на Прилеп, Денис Шабановиќ, го доби признанието...

Лајонсите најавија соработка со Специјална Олимпијада Македонија

Лајонс Дистрикт 132 најавија поблиска соработка со атлетите...

ЅВЕЗДА НА 19. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА – ТАИДА БЕРОВИЌ (МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА)

Младата ракометарка на Металург Автокоманда, Таида Беровиќ, го...