Колумна: „Тази дупка не е дупка“

Колумна: „Тази дупка не е дупка“

Си шетам јас онде на ул. „Димитар Влахов“ недалеку од центар глеам се реновираат тротоарон и се зачудив. Толку години бре да ги лажам пријателите испадна дек се фалам дек живеам центар, а не било така. З`ш ак беше така немаше да се вршат градежни активности кои се забранети од 1-ви јули. Или пак за некој мајка за некој маштеа. Можда пак з`ш со бугарите сме г`с и гашти ја применвиме нивната: „тази дупка не е дупка“.

Мада постојт и едно друго објаснување за градежните активности кои се изведват кај шо е забрането да се изведвет градежни активности. Намерно да е то. Планирано. Ради труристите. З`ш ако го реновираа во септември, октомври кој ќе видеше дека во Охрид се работит? Демек вредни.

А можда и ради друго. Пак ради туристите. Ако не се реновираше тротоарон то пешаците ќе летаа како оси набрзина низ центарон и ништо не ќе видеа. А ние како ќе уживавме во свирките на колине ко ќе чекет по сто во ред да слезат кун плоштадон? А? Абе ко ќе размислиш секое з`ш имат зато. Не така?

Како шо на прашањето: З`ш новата влада и компанија се заколнаа во Северна, а не само во Македонија како Гоцка шо напрај, имат зато шо некој стегна после заклетвата на нашата ни преtседателка. И сега дури се думам шо е сегашната влада шо ги нареквеше преtходните предавници. Или пак малку ја потспомнаа северната? Мада и сантим и десет исто е. Влезе.

Само дан испаднит шалили смо се. Па да почнит и со ова Влада сегде и секако да се спомвит СЕВЕРНА. Ајде ќе кажит времето. Ко шо кажа за преtходните. Мада ова ми личит на онај вицон: мажот се криел под кревет а жената му врескала да излезит за да го тепат. Тој ладен шприцер и рекол: дур чукат ова мое срце јуначко јас не излегвам од под кревет да ме тепаш.

Незнам дал и Венко Филипче се скри под кревет ама го отепаа некои неговите против кандидати после неговит избор за нов лидер на СДСМ. Според нив овие избори имале низа неправилности и неможит Венко да бидит легитимен предводник на СДСМ. Овие ко да забораја на момент дека ова се внатре партиски, а не парламентари па се испотепаа меѓу себе, „изискршија кутии“, се пљукаа односно презедоа потези достојни за најгнасни парламентарни избори.

И сега се навраќам на предизборието. Како сакаа ние да им вервиме кога еве тие не си вервет меѓу себе? Како дури сега кажа Славјанка Петровска дека СДС почнала да се распаѓат во 2020 година? Шон ни кажа тогаш.

На Венко сакам да му вервам како лидер на опозиција дека ќе работит за обединување ама ете ма излажа уште на почеток. Рече све ќе напраел да ја кренит партијата з`ш била падната на колена. Не бе Венко. Не сте на колена. Во септичка јама до грло сте пропаднати. А ако реконструкцијата е во духот на внатрепартиските избори за многу кратко ќе требит да ви дајме и цефки да дишите.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите 

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...

🎥 Тимур Дибиров тренираше под палката на неговата сопруга Ирина

Хрватскиот првак Загреб се уште не ги започнал...

We Are Seeing the Emergence of a New Way the Kremlin Pursues its Enemies

Olesya Kravtsova, an activist and journalist from Arkhangelsk, recently...