Конечно Владата се осмели да му каже НЕ на Брисел, ама…

Власта во Македонија е многу послушна кон барањата на Брисел, Вашингтон… Што и да се побара – се исполнува. Не е важно која и да биде последицата по државата и граѓаните, важно е на странците да им се мили.

Ама, еве, дојде време Владата да оди контра на Брисел. Ќе си ги тера законските замисли околу спорните автопатски коридори и по изјавите од Брисел дека со петте закони не се врши усогласување на македонското законодавство со стандардите на ЕУ. И евроамбасаророт Дејвид Гир предупреди на тоа. Но, и не само на тоа.

-Многу често се употребува европското знаменце за закони за кои не е наменето. Употребата на европското знаменце секогаш треба да се направи по претходна вистинска консултација помеѓу сите политички партии и тоа е за усогласување на европската легислатива, изјави Гир.

Но, иако ова го рече човек (пред кого обично нашиве стојат во став – мирно) сега министрите сосе премиерот Ковачевски не стојат, не ни подзастануваат…

Иако во Собранието не се усвоени измените на законите, иако не се расчистија сомнежите, иако не се изјасни Јавното обвинителство, иако доаѓаат најдиректни предупредувања дека на нив не смее да се прикачува европското знаменце, за денеска е веќе закажано поставувањето на камен – темелникот за автопатската делница од Прилеп кон Битола.

Премиерот Димитар Ковачевски остана глув за ова.

-Законите за коридорите се со европско знаменце затоа што станува збор за  изградба на стратешки коридори и оти со нив ќе се овозможи побрза и поевтина изградба. Станува збор за два исклучително важни коридора, но и за други стратешки инвестициски проекти кои се прават или ќе се прават во државата, во делот на патната, железничката или енергетската инфраструктура, објасни тој.

Ваква решителност до сега нема покажано македонската влада и сегашна и онаа претходната. До сега речиси беспоговорно се прифаќаше сето она што доаѓа како предлог или сугестија или барање од седиштето на ЕУ. Па така, се прифаќаше и отворено попушташе во преговорите кои последниве години се водеа со Грција, со Бугарија за решавањето на долгогодишните спорови, а во кои имаше и вклученост на Брисел. Решенијата со кои Македонија се откажува од делот на историја, со кои го менува уставното име, со кои прифаќа „заедничка историја“ со соседната земја…, доволно покажуваат какви се попуштања се случиле. Круна на сето тоа сега е „францускиот предлог“ за кој и самите македонски владини функционери отворено си признааваат дека не е добар за нас, ги сечело нешто во стомакот… Ама, тогаш не се осмелија да кажат НЕ, а требаше.

Е, зошто сега не попуштаат? За доброто на Македонија ли се вака цврсти или договори со милијарди евра е сосема поважна работа според нив од претходните нивни млакости кога се работеше за достоинството и националната стабилност и интереси?

Од сега натаму, за многу прашања ќе бидат непослушни кон Брисел или само овој пат кога се во прашање големи пари и баш требаше да се послуша и подразмисли што велат од ЕУ?

 

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Исланд доаѓа на пријателски турнир во Македонија

Женската младинска репрезентација на Македонија ја очекува настап...

Истражувач на долговечноста ја открива нивната тајна

79 Сингапур е најновата „сина зона“ во светот, дефинирана како...

Фузија на музика и историја

Во хармонична фузија на култура, историја и музика, Кафе...

Скопска атракција: И „вљубените“ избегаа од летниковецот – нужник

Главниот скопски плоштад „Македонија“ не е украс на градот....