Костески маестрален – не промаши ниту еднаш против Нове Весели

Чешкиот првак Талент Плзен, каде што игра македонскиот интернационалец Никола Костески, продолжува победнички во новата сезона.

Плзен славеше на гостински терен кај незгодниот состав на Нове Весели со 30-27, откако и на полувреме водеше со 16-14.

Костески беше најдобар стрелец на натпреварот и успеа да постигне осум погодоци од осум обиди.

Следен предизвик за Плзен и македонското десно крило ќе биде домашниот натпревар против Фридек Мистек на 17 септември.

Брно каде што игра Дејан Кукуловски, славеше на гости кај Ловосице со 25-24, а македонскиот лев бек даде еден гол и имаше две исклучувања.

Маломерице, пак, тимот на Хари Павлов, беше поразен на гостински терен кај Копривнице со 34-26, а Македонецот даде еден гол и имаше едно исклучување.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Црногорци и Швеѓанки за Македонија и Шпанија

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за...

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Македонија на тежок испит против силната Шпанија

Женската сениорска репрезентација на Македонија денеска им се...