Крај на есенскиот дел, Струга и Шкупи на пролет во борба за титулата – Екипа

Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.

==========================================================================================================================

ТИМ НА 18. КОЛО

Последното коло од есенскиот дел од Првата македонска фудбалска лига ни донесе неверојатни натпревари. Актуелниот шампион Шкупи со победата на гостувањето кај Работнички од 2-4 и целосно се врати во играта за титулата, откако по ремито на лидерот Струга против Скопје (1-1) тимот од Чаир е сега на само три бода негатива, но и напролет ќе одигра еден меч повеќе од ривалот. Шкендија која беше слободна оваа рунда е на минус девет од лидерот Струга. Тиквеш е вистински хит, откако првиот дел го завршува како четвртопласиран откако славеше на гостувањето кај Акдемија Пандев со 0-2. Токму „пандевци“ и тренерот Александар Васоски се најголемото разочарување оваа фудбалска есен. Младиот стратег откако седна на клупата на струмичани, не може да ја пронајде формата на тимот. Брегалница и Победа одиграа 2-2, додека Македонија Ѓорче Петров предводена од Филип Мишевски кој постигна хет-трик славеше над Силекс.

====================================

ИГРАЧ НА КОЛОТО: Филип Мишевски (Македонија ЃП) 

Искусниот дефанзивец го одигра веројатно најдобриот натпревар во својата кариера во победата на својата Македонија ЃП на гостувањето кај Силекс од 1-3 во меч од последното коло во есенскиот дел од шампионатот во ПМФЛ. Токму Мишевски беше стрелец на сите три гола за својот тим во оваа голема победа.

================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Ѓорѓи Мојсов (Тиквеш)

Тиквеш е вистински хит во есенскиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. По доаѓањето на клупата на Ѓорѓи Мојсов кавадарчани играат во едно неверојатно темпо, а тоа го покажаа и во последното коло од овој дел од сезоната во кое славеа на гостински терен кај Академија Пандев со 0-2.

==============================

ГОЛ НА КОЛОТО: Филип Мишевски (Македонија ЃП) 

Трите гола на искусниот штопер беа доволни за триумф на „лавовите“ на гостувањето кај Силекс, а вториот погодок на Мишевски беше вистинска убавица. Тој го матираше противничкиот голман со одличен шут од слободен удар од некои 20-тина метри.



 

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ