Крсманчиќ: Доаѓањето во Вардар е значаен чекор во мојата кариера

Крсманчиќ: Доаѓањето во Вардар е значаен чекор во мојата кариера

Бековската позиција на Вардар во новата сезона ќе биде засилена за уште еден интернационалец.

„Црвено-црните“ го договорија сропскиот интернационалец Младен Крсманчиќ (31) кој во Вардар треба да остане најмалку една сезона.

Овој играч кој е висок 184 цм, настапува на позицијата среден бек, а доаѓа од Унгарија каде претходните сезони настапуваше во тимот на Чурго.

Во својата играчка кариера има настапувано за тимот на Југовиќ, Слога, Железничар, Анаитасуна (Шпанија) и во Чурго (Унгарија)

„Потпишувањето на договорoт со Вардар претставува значаен чекор во мојата спортска кариера. Овој клуб со својата богата историја и успехoт во освојувањето на ракометната Лига на шампиони за мене го симболизира врвот на професионалниот ракомет. Во претстојната сезона очекувам интензивна работа, посветеност и заеднички напор за освојување на нови титули, а особено се радувам на можноста да придонесам за тимот со моето искуство и енергија на теренот“, изјави Крсманчиќ.

Српскиот ракометар треба да се појави на прозивката на клубот во јули кога ќе почнат подготовките за новата сезона. Како вицепрвак Вадар ќе игра во Лигата на Европа.

Вардар во Унгарија ја најде замената за Јасухира, доаѓа српски плејмејкер!



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ

Магдебург најде дефанзивец – доаѓа Шпанецот Серадиља

Поранешниот европски првак Магдебург го промовираше второто засилување...

Една од најдобрите руски ракометарки става крај на кариерата!

Една од најдобрите руски ракометарки, Екатерина Илина, ја...

Познати 20 учесници на Мундијалот во 2025 – еве ги можните ривали на Македонија

Откако беше комплетирана листата на учесници од Европа...

🎥 Тимур Дибиров тренираше под палката на неговата сопруга Ирина

Хрватскиот првак Загреб се уште не ги започнал...