КУД “Илинден” од Битола на 5 -то издание на фоклорен фестивал „Духот на Балканот“ во Корча

Во Корча се одржа 5-то издание на фестивалот „Духот на Балканот“ што донесе прекрасна атмосфера со фолклорни елементи во театарот „Андон Зако Чајупи“. Балканската традиција на карактеристична облека и ора обедини групи од

Со изведби на ора и песни од целиот Балкан, домашните и странските уметници се здружија за да ја пренесат богата култура и традиција. Шест балкански земји го промовираа своето традиционално наследство на еден фестивал, каде натпреварувањето на фолклорните групи останува колку симболично толку и стимулативно за уметниците.

Фолклорните групи од Албанија, Македонија, Босна Херцеговина и Грција. со парадата на нивните национални костуми, приредија спектакл на улиците на градот Корча. Изведувајќи традиционални танци, песни и инструменти под звуците на народната музика, тие го претворија плоштадот кај стариот пазар во Корча, во центарот на „Балканскиот дух“.

Директорката на културниот центар на Корча, Блерта Балиу рече дека „Балканскиот дух е создаден четири години и има за цел да ја обедини уметноста на целиот Балкан затоа што сме толку слични едни на други“.

На последната вечер на овој фестивал што се одржа во театарот „Андон Зако Чајупи“, по одличниот настап на КУД “Илинден” од Битола, Македонија ја освои наградата која оваа година се доделува на овој фестивал “Највисоко уметничко ниво” (High artistic level).

Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ