Kуманово го донесе вториот стрелец од младинското првенство

Kуманово го донесе вториот стрелец од младинското првенство

По крајот на сезоната во која опстанокот беше обезбеден со второто место во суперлигашкиот плеј-аут, раководството на Куманово работи активно на играчкиот кадар.

Најново име во ростерот на Љубиша Димковски е младиот Благој Христовски, кој доаѓа од младинскиот погон на Еурофарм Пелистер и настапува на левата бековска позиција. Тој беше втор стрелец во младинската лига и постигна 193 погодоци.

Претходно раководството на Куманово се раздели со двајца од странците, Милош Благојевиќ и Михајло Стевовиќ.

Од Куманово замина и кружниот напаѓач Стефан Атанасовски, како и најдобриот стрелец Наум Костов, а преговорите за продолжување на соработката со Алекса Радичевиќ и Огњен Радојичиќ се уште се во тек.

Куманово го договори младиот пивот Цековски, доаѓа младинскиот репрезентативец Давид Димевски, како и десното крило Дамјан Јакимовски, кој минатата сезона беше дел од Скопје.

За Куманово потпиша и ракометарот од Бразил, Каио Винициус Де Соуза Мораис, а соработката со клубот ја продолжија кружниот напаѓач Дарио Симоноски и искусниот Грузиец, Уча Гамзардија.



Извор

Најново

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
КОЛУМНИ